Неа демократија сеуште стои на ставот да не го поддржи договорот меѓу Македонија и Грција

Објавил: admin@magazin | 3 јули, 2018 11:00

Мицотакис: Нема прифаќање на македонски јазик и нација

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Шефот на грчката Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис признава дека најголемиот проблем со Договорот од Преспа е што тој признава македонски јазик и етниците.

Но сепак, доколку помине во Парламент, Нова Демократија ќе го прифати и покрај бунтот на Грците .

Овој тврд став Мицотакис го кажал во интервју за влијателниот европски весник, Политико Европа.

„Секогаш сме велеле дека сакаме решение, но дека тоа мора да ги почитува сензибилитетите на двете страни, вели Мицотакис, кој додава признавањето на македонскиот идентитет е искрено неприфатлив за најголемиот дел од Грците“, вели тој додавајќи дека не сака да ја плати цената на дестабилизација на неговата земја за да ги стабилизира северните соседи.

„Не можеме да прифатиме македонски јазик и етницитет, вели шефот на Нова Демократија“, вели Мицотакис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.