Новоизбраниот премиер Кирјакос Мицотакис утре ќе положи свечена заклетва со што и официјално ќе стане премиер на Грција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јули, 2019 2:02

Мицотакис утре ќе положи свечена заклетва и ќе ја превземе функцијата од Ципрас

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешните предвремени парламентарни избори, победи лидерот на Нова демократија кој освои доволен број на гласови и 158 пратеници за да формира еднопартиска влада.

Новоизбраниот премиер Кирјакос Мицотакис утре ќе положи свечена заклетва со што и официјално ќе стане премиер на Грција.

Мицотакис е победник на предвремените парламентарни избори во Грција, со 8,5% разлика во однос на СИРИЗА.

Според извори од СИРИЗА Ципрас кој е веќе премиер во заминување веднаш му ја честитал победата на Мицотакис и тоа телефонски, а за утре најави средба со него во премиерската палата каде ќе му ја предаде функцијата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во прес центарот во салата за конференции Запио, вечерва се очекува да дојде премиерот во заминување Алексис Ципрас и да одржи прес конференција.

Вака изгледаа резултатите од гласањето на предвремените парламентарни избори во Грција:

Нова демократија 39,72% – 158 пратенички места
СИРИЗА 31,59% – 86 пратенички места
Движење на промена 7,90% – 22 пратенички места
Комунистичка партија на Грција 5,37% – 15 пратенички места
Грчко решение 3,74 % – 10 пратенички места
МЕРА25 3,49% – 9 пратенички места
Златна зора 2,96% – 0 пратенички места

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.