Мијалков ја контактирал амбасадата на Црна Гора во Македонија, а вртел и во Србија, по наодите ги детектирал сведоците за "Империја" и барал од нив да не откриваат ништо

Објавил: Мартин Попоски | 4 декември, 2018 7:01

Мијалков вртел странски броеви, не се знае дали организирал и бегство

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Мијалков откако го прочита решението за притвор за “Империја”, замолче и прекина дискусија.

Поранениот шеф на разузнавањето во судница кратко се консултираше со адвокатите а потоа стави очила и внимателно го читаше решението за притвор, напишано на неколку страници.

Во него, еден од аргументите поради кои добил притвор се наведени повици на Мијалков со телефонски број на црногорската амбасада во земјава, но се потенцира и дека контактирал со српски и други странски телефонски броеви.

Тој како што дознаваме на распитот тој објаснувал дека како бизнисмен постојано комуницира со странци и дека не планирал бегство.

Во делот на опасност од влијанието врз сведоци, според нашите извори, во решението за притвор стои и дека Мијалков ги дознал некои од сведоците на СЈО за „Имеприја“. Ги контактирал и им посочувал да не откриваат ништо пред обвинителите.

Дознаваме и дека во решението се наведува дека Мијаков како поранешен диркетор на УБК има врски со битни луѓе на битни позиции во земјава но и странство, како и дека знаел дека СЈО подготвува претреси за Империја.

Се посочува и имотот на Мијалков и неговото семјство во земјава и во странство

Мијалков остана тивок и откако го прочита решението. Не се вклучи ниту во дискусијата што се водеше додека меѓу обвинителката Фатиме Фетаи и обвинетиот поранешен член на ДИК Бедредин Ибраими, кој себе си се нарече префекционалист, но се пожали дека судот му ги одбивал предлозите а новинарите се интересирале само да го снимат Мијалков.

Викендов на предлог на СЈО Кривичен му го укина притворот определен во предметот Таргет пред 10-тина дена, но му определи нов притвор за истрагата Империја. Адвокатите поднеле жалба до Кривичниот совет. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести