Неговиот коментар доаѓа откако Мицкоски денеска во во интервју за ТВ Сител, коментирајќи ги нападите од поранешни сопартијци и функционери, потенцира дека тоа се луѓе што му помагаат на Зоран Заев.

Објавил: Владо Марин | 28 јули, 2020 19:37

Мијалков до Мицкоски: Состави Влада или понеси одговорност

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијаков го обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за изборниот пораз и му порачува дека ако не успее да состави Влада тогаш ќе мора да поднесе одговорност затоа што му овозможил на СДСМ повторно да формира Влада. Мијалков во пост на официјалниот фејсбук профил директно му се обраќа на Мицкоски посочувајќи дека во изминативе три години направил многу грешки, објави Слободна Европа!

„Твоите грешки, за жал ги плаќа ВМРО ДПМНЕ , а тие резултираа со два изборни порази на Претседателските и Парламентарните избори, а ги загуби и Локалните избори во Охрид и во Ново Село. На сите овие избори, вклучително и на последните ти си тој што директно одработи за СДСМ. Доколку оставиме на Заев и СДСМ да бираат, ќе те изберат тебе за да уште десет пати по ред те згазат на избори а ти да ја бараш вината за поразите на друго место, а не во себе и луѓето со кои соработуваш“, напиша Мијалков!

Неговиот коментар доаѓа откако Мицкоски денеска во во интервју за ТВ Сител, коментирајќи ги нападите од поранешни сопартијци и функционери, потенцира дека тоа се луѓе што му помагаат на Зоран Заев.

„Ова е последниот товар од кој се ослободува ВМРО-ДПМНЕ во овие 31 месец откако сум избран за претседател на партијата. Сега, сите тие заедно на купче остануваат да му бидат верен коалиционен партнер на Зоран Заев. Па, јас би му посакал со среќа нека му е со сите овие“, изјавил Мицкоски.

Мицкоски изјавил дека нивните обвинувања се темелат на многу лични навреди, на голема фрустрација.

Бидејќи веќе ме прашавте, можам да кажам дека ова се луѓето кои што се најзаслужни што Зоран Заев веќе три години пустоши низ Македонија и ова се луѓето кои што практично ја доведоа партијата во состојба во која што во 2017 година ја преземав.Повторно истите овие луѓе сега се во улога да му помагаат на Зоран Заев во услови какви што се сега да формира владино мнозинство, одговорил Мицкоски.

Мијалков на тоа му реплицираше со прашања како успеал како „шпицен кандидат“ да освои 150 илјади гласови помалку од изборите во 2016 година. Тој додава дека доколку успее да формира Влада, тој прв ќе му честита.

„Доколку не успееш, тогаш ќе мора да понесеш одговорност затоа што му овозможи на СДСМ повторно да формира влада. Барањето на одговорност од тебе и твојот тим, не е напад на ВМРО ДПМНЕ. Обиди се да ја надминеш суетата. Не се поистоветувај со партијата. Не те личи. На ВМРО ДПМНЕ ќе му тргне тогаш кога ќе добие сериозно лидерство!“ напиша Мијаков.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...