Судот го ослободи од обвинение како поттикнувач во случајот Тортура за начинот на апсењето на лидерот на ОМ Љубе Бошковски во 2011, ден по изборите. Ослободени се и припадниците на алфите.

Објавил: Владо Марин | 23 јули, 2021 15:26

Мијалков и „Алфите“ ослободени од обвинение за случајот „Тортура“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По две осудителни, прва ослободителна преесуда за екс шефот на УБК Сашо Мијалков.

Судот го ослободи од обвинение како поттикнувач во случајот Тортура за начинот на апсењето на лидерот на ОМ Љубе Бошковски во 2011, ден по изборите. Ослободени се и припадниците на алфите.

Образложувајќи ја пресудата, судијката Александра Ристеска рече дека повторно останало нејасно за судот како Мијалков го поттикнал суровото и нечовечко постапување кон Бошкоски и како поттикнатите, обвинетите припадници на полициските алфи, го извршиле тоа кривично дело.

-Од сите изведени докази, судот не може со сигурност да ја утврди каузалната поврзаност на одредени поттикнувачки дејствија на обвинетиот Мијалков со конкретните обвинети лица.

Па така самото обвинение во делот на поттикнувањето сторено од обвинетиот Мијалков за судот остана на ниво на претпоставка. – Александра Ристеска – Судија.

Ослободителната пресуда за обвинителот Лапе била очекувана, чија увертира вели, била претходната одлука на судот наместо пресуда да го реотвори случајот во доплнение на доказна постапка… Смета дека има доволно докази за обвинетите да бидат осудени…

-Судот пропушти да ги санкционира сторителите, според мене при состојба на јасни и недвосмислени докази. По добивање на пресудата секако дека ќе вложиме жалба на сите околности. Особено што мислам дека би била испратена една погрешна порака дека ваквиот начин на апсење е дозволен и законит. – Љубомир Лапе – Обвините.

Случајот Тортура го отвори СЈО по чие згаснување премина во скопското обвинителство. Претходно Мијалков беше осуден во предметите Таргет Тврдина и Трезор за што доби 12 и 8 години казна затвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.