И Камчев и Мијалков за околу една недела треба да се појават во Кривичниот суд каде треба да почне судењето за случајот „Плацевите на Водно“, во кој што и двајцата се обвинети. Камчев е во притвор веќе три месеци токму за овој случај.

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 јули, 2021 8:47

Мијалков на преглед за очите во „Систина“

Фото/Текст извор: ©фокус/магазин.мк

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков кој е во притвор во затворот во Шутка бил однесен на преглед за очите во приватната болница „Систина“.

Информацијата дека Мијалков бил однесен на преглед ја објави порталот „А1 он“, а за „Фокус” ја потврди директорот на затворот, Филип Андов. Андов вели дека Мијалков бил однесен на преглед во „Аџибадем Систина“ на Офталмологија на барање на неговите бранители, а со одобрение на Кривичниот суд.

Неофицијално, најверојатно не станува збор за нешто посериозно.

Минатата недела од притвор во Шутка на Клиниката за кардиологија беше пренесен и бизнисменот Орце Камчев кој се жалел на гушење и болки во градите. Тој беше задржан таму неколку дена, а по испитувањата беше вратен во притвор во Шутка.

И Камчев и Мијалков за околу една недела треба да се појават во Кривичниот суд каде треба да почне судењето за случајот „Плацевите на Водно“, во кој што и двајцата се обвинети. Камчев е во притвор веќе три месеци токму за овој случај.

Мијалков пак се наоаѓа во притвор од претходно, откако беше осуден на 12 години затвор за масовното прислушување и му беше одреден притвор, а потоа беше осуден на уште осум години затвор за случајот „Трезор“.

Инаку, Камчев беше претседател на Одборот на директори на „Аџибадем Систина“, а сега во сопствеништво на приватната болница е само преку „Орка“ која е една од сопствениците на „Систина“, а тој е извршен член на Одборот на директори на „Орка“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.