По барање на Мијалков променета е и адресата за издржување на куќниот притвор, и сега таа е во една од неговите куќи на Водно.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 февруари, 2021 21:38

Мијалков со полициски возила спроведен во куќен притвор

Фото/Текст извор: ©21 тв

Сашо Мијалков од вечерва е во куќен притвор по барање на одделението за гонење на организиран криминал и корупција раководено од Вилма Русковска.

Обвинителството пак ја повлече жалбата која ја имаше испратено до Кривичен суд, со која бараа да се одреди мерка притвор за Сашо Мијалков, а не поблага каква што е сега куќен притвор. Обвинителката се радува што го виде Мијалков.

„Искрено, се радувам што обвинетиот Сашо Мијалков реши сам да се пријави. Тој испрати порака преку други луѓе дека сакал да се пријави и тоа исклучиво во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Јас најпрво се консултирав со јавниот обвинител, дали ние да прифатиме или сепак да се пријави во полиција. Јавниот обвинител рече дека може да се пријави и кај нас и откако е дојден до сега беше обезбедуван од истражителите кои се во истражниот центар“, изјави вечерва обвинителката Вилма Русковска.

Мијалков сега е дома, а на неговата рака има алка за електронски мониторинг. Со тоа се обезбедува електронскиот надзор, мониторинг и извршување на забрана од напуштање на живеалиштето/престојувалиштето на лицето на кое е изречена мерката притвор/затвор како алтернатива на притворот/затворот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести