Иако кратко, за јавноста се обрати и исклучениот Мијалков, сеуште чекал одговор на своето отворено писмо, по што ќе одлучел дали ќе поднесе кривична за Николоски и Мицкоски

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 6:56

Мијалков уште чека одговор од Мицкоски, па најави тужба за партијата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот висок функционер на ВМРО – ДПМНЕ и декаден директор на УБК, Сашо Мијалков, нервозен што партискиот претседател, по неговото исклучување не возвраќа на неговите отворени писма, најави тужба.

Сашо Мијалков сеушѕе чека одговор од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по отвореното писмо кое му го испрати во неделата, во кое го нарече лажен патриот.

Писмото го испрати откако беше исклучен од партијата.

Во него воедно најави дека ќе го тужи потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николовски. Сепак, Мијалков, синоќа не сакаше да го коментира писмото.

Само кусо изјави дека ќе одлучи дали да поднесе тужба откако ќе добие одговор од Христијан Мицкоски, иако не ги наведе конкретните причини. Од ВМРО – ДПМНЕ највија дека ќе одговорат на писмото на Мијалков во текот на оваа недела.

На состанокот на Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, беше даден предлог до општинските комитети да се поведе дисциплинска постапка и исклучување на Сашо Мијалков и Никола Тодоров.

Неколку дена подоцна општинските комитети ги исклучија од партијата.

Веднаш по состанокот на Централниот комитет, потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николовски даде изјава за медиумите во која исклучените од партијата ги посочи како соработници со власта кои вршеле уцени и влијанија да врз пратениците на опозицијата да гласаат за потребата за уставни измени.

Николовски тогаш иронично ја честиташе, како што вели, бизнис коалицијата Вице Заев – Зоран Заев и Сашо Мијалков.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.