Заев прифатил бришење на зборот Македонија на институции, во лични документи

Објавил: admin@magazin | 14 јуни, 2018 13:28

Македонски портал го објави транскриптот од договорот со Грција

Фото/Текст извор: ©Мкд.мк

Викендов министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, треба да го потпишат договорот за промена на името на Република Македонија.

На потпишувањето, веројатно некаде во Преспа, ќе присуствуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Уште необјавен, овој договор веќе предизвикува голем број реакции дека се прифатени речиси сите услови поставени од грчка страна.

Вчера некои грчки медиуми го објавија договорот, иако било договорено тоа да се направи по прифаќањето на овој документ од двете влади. Преводот што МКД.мк го објавува е според содржината објавена во грчкиот весник Катимерини.

ЦЕЛИОТ ТРАНСКРИПТ ОД ДОГОВОРОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ НА МКД.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.