Како што неофицијално дознава КУРИР, станува збор за обид за самоубиство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 мај, 2019 23:56

Млада жена се фрли од мост во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото:курир

Несреќа го потресе Скопје. Денеска попладне околу 18 часот, млада 32- годишна жена се фрлила од железничкиот надвозник на булевар „3-та Македонска Бригада“ во близина на Стара амбуланта Пролет.

Како што неофицијално дознава КУРИР, станува збор за обид за самоубиство.

-Денеска во 18,03 часот во Итна медицинска помош добиена е дојава за потребна медицинска асистенција во близина на железничкиот надвозник на бул. „3-та Македонска Бригада“ во близина на Стара Амбуланта „Пролече“. Женско лице на возраст од 32-години со возило на Брза помош веднаш била пренесена во Ургентен Центар „Мајка Тереза“ и ќе биде задржана на КАРИЛ, за дополнителни прегледи и опсервација. Увидна екипа на МВР во моментов се наоѓа на лице место, информираат од МВР за КУРИР.

Увидна екипа на МВР во моментов се наоѓа на лице место, информираат од МВР за КУРИР.

Инаку според податоците на Државен завод за статистика, бројот на самоубиства е зголемен и во категоријата „Самоубиства“, случаите кај кои смртта настапила поради „Бесење,странгулација и суфокација“ имаат најголемо учество со 15.7 %.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, минатата година во државава бил регистриран пораст на бројот на самоубиства, во однос на 2017 година.

Во текот на минатата година биле извршени 121 самоубиство, од кои 29 во Скопје, 20 во Штип, 18 во Струмица, 16 во Битола, 14 во Куманово и по осум во Велес, Охрид и Тетово, додека во 2017 година биле регистрирани 103 самоубиства.

Во 2016 година, пак, биле извршени 136 самоубиства и 177 обиди за самоубиства.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.