Девојката која за бојкотот изработи уникатно видео под наслов "Што ќе прават граѓаните на светот на 30 септември" со нов проект за изучување и негување на Македонскиот јазик

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 10:15

Младите од македонската дијаспора со свој проект за негување на македонскиот јазик

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Невена (Нев) Нешкоска е млада дама која живее во САД и е дел од Македонската дијаспора, активно вклучена во граѓанскиот активизам за негување на македонскиот национален идентитет.

Позната на македонската јавност и стана со видео спотот за бојкот на референдумот насловен како “Што ќе прават граѓаните на светот на 30 септември” кој беше вистински глобален хит.

Невена (Нев) Нешкоска иако стана позната по видеото за бојкот на референдумот, активно изминатата година работела и на серија македонски анимирани филмови за изучување на Македонскиот јазик низ светот. 

Нешкоска студира на познатиот Беркли Универзитет и е музичар – вокал по професија. 

Но новиот проект кој сакаме да го промовираме е нешто сосема други, повеќе благородна мисија кон негување на македонскиот јазик и писмо, целосно во организација и реализација на Нешкоска и нејзината сестра.

Проектот имено е анимирана серија која е наменета за изучување на македонскиот јазик. Синоќа беше лансирана првата епизода по едногодишна работа и подготовки.

Целта на проектот е заштита на Македонскиот јазик и промовирање на македонската култура за идните генерации. 

Запознајте се со Дарко Биберко! Иако Дарко е мал како биберче, со силна волја, тој може да постигне сe. Дарко Биберко ќе овозможи изучување на македонскиот јазик и запознавање со македонската култура низ анимирани емисии исполнети со певливи рефрени. Наскоро вашите деца и внуци ќе можат да учат преку авантурите на Дарко Биверко. Првата епизода која веќе е изработена, има за цел да научи да се брои од 1 до 10. Погледнете ја овде!”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...