Таткото на Незир не е во можност да ги покрие сите трошоци за лекување на синот во приватна болница, па затоа бара помош за да може син му да продолжи со потребниот третман.

Објавил: Весна Петровска | 13 ноември, 2019 12:51

Младо момче од Скопје преживува голгота, неговиот татко бара помош од хуманите луѓе

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост, и да му помогнеме на ова младо момче да продолжи да има безгрижен живот.

Ова е 19-годишниот Незир Чајани од Скопје. Незир пред пет месеци останал неподвижен. Тој со своите пријатели отишол на езерото Матка, но за жал, поради висок скок се здобил со повреда од камењата во водата. Го повредил петтиот пршлен, поради што останал неподвижен. Веднаш бил хоспитализиран во Државната болница, објави ТВ 21.

Поради инфекција на крвта, Феми бил принуден синот да го префрли во приватната болница „Филип Втори“.

Таткото на Незир не е во можност да ги покрие сите трошоци за лекување на синот во приватна болница, па затоа бара помош за да може син му да продолжи со потребниот третман.

Таткото Феми вели дека единствената надеж му е помошта од хуманите луѓе. Апел испраќа и до сите оние кои познаваат некој лекар или болница надвор од земјата каде би можел да се излекува неговиот син.

Сите заинтересирани ќе можат да го контактираат на овој телефонски број.

БРОЈ НА СЕМЕЈСТВОТО:
+ 389/71-434 661

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.