Австријката прво приметила дека од паричникот и исчезнуваат пари, а потоа и исчезнал и клучот од викендицата

Објавил: Данаил Михајловски | 25 септември, 2018 21:31

Млад Македонец залудел 54 годишна докторка од Австрија: Се развела, а не ни претпоставувала што ја чека

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Омажена 54 докторка од Австрија се развела од мажот затоа што се заљубила во невработен 25 годишен Македонец, кого потоа го примила во станот во градот Корнојбург.

Младиот Македонец се грижел за нејзината градина, кучињата и либидото.

Австријката прво приметила дека од паричникот и исчезнуваат пари, а потоа и исчезнал и клучот од викендицата.

На крај се покажачо дека момчето од нашата држава во викендицата уживал со 18 годишна келнерка. Докторката поради ова поднела кривична пријава за провала кражба.

За инцидентот докторката дознала откако соседот во Волфгангз, каде се наоѓа викендицата, приметил светлост од свеќа во куќата и повикал полиција.

Лекарката на суд демантирала дека имала интимни односи со Македонецот, но тој упорно тврдел дека од него барала сексуални услуги.

Судијата му поверувал на обвинетиот, сметајќи дека тогаш живееле во љубовна врска.

Со самото тоа, нема да има кривично гонење, а Македонецот е ослободен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.