Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин.

Објавил: Весна Петровска | 8 декември, 2019 15:42

Млад Македонец киднапиран во Тирана – киднаперите барале 250.000 евра, познат идентитетот на заложникот

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Македонската јавноста остана во шок по веста за киднапирањеето на Македонецот Давор во Тирана, од 23-годишното момче било барано 250.000 евра за неговата слобода.

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин.

Сведочењето на 23-годишнот Македонец, киднапиран во Тирана од три лица, кои под закана со оружје барале 250.000 евра, го пренесува албанската агенција Балкан веб.

-Давор В. во полиција изјавил дека бил присилен од Сокол М.(42) и Алберт Џ.(41) и двајцата жители на Тирана, да влезе во автомобилот попладнето на 6 декември. Во главата му впериле пиштол барајќи 250.000 евра, а потоа насилно го втурнале во возилото, пренесува агенцијата.

Полициски извори потврдиле дека добиле дојава дека вооружени лица кружеле со возилото БМВ и присилно внеле маж во возилото.

Веднаш биле ангажирани припадниците на специјалната полициска едница „Шќипоња“. На предупредвањето да го запре возилото, возачот ја зголемил брзната, но подоцна било пресретнато во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана.

Приведените ги отфрлиле обвиненијата дека не станува збор за киднапирање, туку дека извршиле притисок врз македоскиот државјанин да им врати долг.

– Но,целото сценарио на киднапирањето е расветлено од страна на полицијата кога Давор В. го спомнал Суби Е.(50) од Струга кој играл улога на посредник меѓу двајцата киднапери и семејството на Давор за добивање на парите,наведува агенцијата Балкан веб.
На двајцата албански државјани веќе им е одредена мерка притвор, додека стружанецот ќе се брани од слобода под обвинение „непријавување на кривично дело“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести