Најостро го осудуваме овој чин, како евтин и неуспешен обид да се предизвика омраза меѓу граѓаните во двете држави, како и да се нанесе штета на угледот на државата, велат од Министерството за надворешни работи.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 ноември, 2020 7:27

МНР најостро ја осудува објавата на социјалните мрежи со палење знаме на Бугарија

Фото/Текст извор: ©Магазин/kanal 5

Осуди и оградувања за палењето на знамето на Република Бугарија кое што може да се види на видео објавено на Фејсбук од профил именувак како ВМРО ДПМНЕ УМС Гази Баба.

Најостро го осудуваме овој чин, како евтин и неуспешен обид да се предизвика омраза меѓу граѓаните во двете држави, како и да се нанесе штета на угледот на државата, велат од Министерството за надворешни работи.

Министерството го осудува секој чин на сквернавење на било чии националните симболи, вклучувајќи ги тука и симболите на соседна Република Бугарија, како и секој друг вид на израз на омраза кој не соодветствува со суштинските односи меѓу двете земји, се вели во реакцијата.

Од чинот се оградија и од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, станува збор за шовинистички и удбашки методи кои ги спроведува власта и кој се насочени кон ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Ниту УМС ниту ВМРО-ДПМНЕ стои зад тој ФБ канал кој патем е формиран пред еден ден и има за намера да го оттргне вниманието на јавноста од катастрофата во здравството и политичката криза по добивањето на вето од источниот сосед.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести