Професорот Димитар Апасиев за игнорот од „шефицата“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 октомври, 2019 10:19

Могерини го извиси Заев: Ладнокрвно го помина додека се поздравуваше со сите лидери

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ништо не може да им побегне на новинарското око и камерите на снимателите. Така овој пат на вчерашната средба на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини со лидерите од Западен Балкан, новинарите забележаа дека Могерини буквално ог извиси македонскиот премиер, додека се поздрави со сите лидери, на крај го одмина нашиот премиер Зоран Заев.

На почетокот на следната година на високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини ѝ престанува мандатот на функцијата.

Професорот Димитар Апасиев за игнорот од „шефицата“.

Моментот коа евробирократката Могерини ладнокрвно го одминува нејзиниот империјален измеќар Заев 

p.s. Зоки бе друже, мене незгодно ми падна. Сиромашкиот, таков сиот со блажена насмевка, прописно беше изигнориран од “шефицата”. Ова е доволен знак дека си пуштен низ вода, али “кој да ти каже Иванна”.

Инаку пред два дена премиерот Зоран Заев во Рим имаше средба со претседателот на италијанската Влада, Џузепе Конте, по што замина за Брисел каде што учествуваше на прошталната работна вечера на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини со лидерите на земјите од Западен Балкан.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.