И двете дами блескаа во црни модерни комбинации.

Објавил: admin@magazin | 26 септември, 2019 21:46

МОДЕН ПОГОДОК НА СОПРУГАТА ОД ПРЕМИЕРОТ: Зорица Заева ја засени Меланија Трамп во САД!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот премиер Зоран Заев кој моментално се наоѓа во официјална посета на САД, присуствуваше на дипломатски прием организиран од Доналд Трамп, во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации.

Премиерот Заев беше придружуван од сопругата Зорица, додека 73-годишниот претседател на САД остваруваше средби заедно со сопругата Меланија.

И двете дами блескаа во црни модерни комбинации.

Чест и задоволство ни беше со Зорица да присуствуваме на приемот организиран од Претседателот Трамп и првата дама Меланија, во Њујорк за време на ГС на ОН, напиша премиерот на социјалните мрежи.

Заев оствари исто така средба со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

На средбата со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, уште еднаш ја потврдив заложбата на Северна Македонија за целосна поддршка на Целите за одржлив развој.

Владата е посветена на спроведување на Агендата 2030, што е во насока на превенција од насилните конфликти и тероризмот, како и од заканите што доаѓаат од климатските промени, миграциите и бегалските кризи, сајбер заканите и други хибридни закани за човештвото.

Му се заблагодарив за признанието за важноста на Преспанскиот договор во Годишниот извештај на Генералниот секретар на ОН, кој беше оценет како резултат на победата на дипломатијата и дијалогот и како пример дека споровите можат да се решаваат врз основа на партнерство и пријателство во име на заедничкиот интерес за просперитет на народите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Стил

Градот Скопје посветено работи на обезбедување на функционална животна средина за граѓаните во Скопје, која ќе подразбира квалитетна инфраструктура со доволно зеленило, со цел граѓаните да можат со уживање да ги спроведуваат своите редовни секојдневни активности.

ГРАД СКОПЈЕ УРЕДУВА УШТЕ ЕДЕН НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ВО АЕРОДРОМ

Денеска започнува уредувањето на последната од вкупно 4 локации кои се дел од иницијативата...

Доколку останете без идеи за стајлинг, секогаш внимавајте на комбинациите на Брижит Макрон. Никогаш не греши.

Брижит Макрон знае како да ги воодушеви модните критичари: Во овој стајлинг секоја жена изгледа барем 5 кг послаба(ФОТО)

Првата дама на Франција, Брижит Макрон и нејзиниот сопруг Емануел го посетија центарот...

Моделот што го носеше убавата струмичанка се истакнува со еден ефектен детаљ – прерамка само на едно раме, а токму тоа важи за водечки тренд и ова лето.

Ќерката на Зоран Заев со овој модел на кocтим за капење ги сpyши СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи – еве зошто го обожаваат сите!

Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра Заева покажа пред своите верни следбеници...