„Ако гледачот успее да влезе во тој свет и ако некаде го однесе, тогаш мислам дека ќе го засака филмот.

Објавил: admin@magazin | 2 ноември, 2019 15:41

МОДЕН ПОГОДОК НЕОДОЛИВА И СЕКСИ: Фетаи на црвениот тепих блескаше во модерна комбинација!

Фото/Текст извор: ©женски магазин

Јавната обвинителка Фатиме Фетаи вчеравечер беше присутна на премиерата на филмот „Врба“.

Таа на црвениот тепих се појави во одличен фустан во бојата која е најпопуларна оваа сезона.

Со гала прием и црвен килим со салата на Филхармонија, премиерно почна прикажувањето на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски.

Фетаи на црвениот тепих се појави во одличен фустан во бојата која е најпопуларна оваа сезона.

Многу гости од јавниот живот дојдоа да го видат шестиот долгометражен филм на Манчевски, само дестина дена по светската премиера на 14 Филмски фестивал во Рим.
„Врба” е филм во кој се преплетуваат три приказни, една од средниот век, а другите две се современи.

„Ако гледачот успее да влезе во тој свет и ако некаде го однесе, тогаш мислам дека ќе го засака филмот.

Тој свет може да биде реалистичен и денешен а може да биде средновековен или од друго минато време. Убаво е по десет години повторно да се работи дома“, изјави Манчевски претходно за филмот. „Врба“ е во продукција на “Банана филм” и е македонско-унгарско белгиска копродукција.

Во главните улоги играат : Сара Климоска, Никола Ристески, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и Камка Тоциновски, а во останатите улоги се Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други.

Музиката ја напиша Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, директор на фотографија е Тамаш Добош, а продуцент на филмот е Јане Ќортошев.

Милчо Манчевски е македонски филмски режисер, сценарист, писател, фотограф. “Њујорк тајмс” го вклучи неговиот филм “Пред дождот” (1994) во листата на 1000 Најдобри филмови некогаш направени.

Манчевски е автор на две изложби на фотографии, дела на фикција, како и книги, есеи и уметнички перформанси, чии дела имаат повеќе од 250 фестивалски проекции (вклучувајќи Венеција, Берлин, Торонто, Сао Паоло, Истанбул, Токио, Ерусалим, Хонг Конг, Стокхолм итн.) Додека пак неговите филмови се дистрибуирани во повеќе од 50 земји. Творештвото на Манчевски е вклучено во студиските програми на бројни универзитети и на средните училишта во Турција и во Италија, а исто така, тоа е предмет на две академски конференции (во Фиренца и Лајпциг).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.