Нападот против мене е ништо и е незначајно во споредба со болката на семејствата на петте прерано згаснати млади животи. Одлуката некој да си поигрува со нивните судбини и чувства е тешко бреме кое ќе остане до крајот на животот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 февруари, 2020 10:02

Молчев кога лажеа дека сум замешан во Монструм- се огласи Вељановски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски кој ја вршеше оваа функција во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт се огласи вчера по сослушувањето на екс- премиерот Зоран Заев за случајот Монструм.

Трајко Вељаноски (2 ноември, 1962 во Сливово, Охридско) — правник, политичар и осми по ред претседател на Собранието на Република Македонија. Должноста ја вршел од 2008 до 2016 година. Член е на ВМРО-ДПМНЕ. Во собранието ги вршел и должностите како претседател на комисијата за уставни прашања и шеф на делегација на Собранието на Македонија во интерпарламентарната унија.

Премолчував долго време, а тоа не беше воопшто лесно и едноставно за мене. Бев цел на планирани и оркестрирани напади, базирани на класични лаги и измислувања. Политиката во Македонија стана поле каде неморалните, лажливците и луѓето без етика најмногу успеваа во минатите неколку години. Долги години одредени пара-структури протураа лага дека сум бил некако замешан во случајот Монструм. Ми беше тешко да молчам, но знаев и верував дека еден ден се ќе стане јасно и ќе биде чисто дека тоа беше конструирана лага за мое лично оцрнување.

Нападот против мене е ништо и е незначајно во споредба со болката на семејствата на петте прерано згаснати млади животи. Одлуката некој да си поигрува со нивните судбини и чувства е тешко бреме кое ќе остане до крајот на животот.

Не посакувам на никого да ги преживува лагите и нападите што јас ги преживеав со оваа ниска и гнасна конструкција. Луѓето што ја смислиле и пласирале со години немаат морал.

Денес кога се е јасно, јас само ќе им порачам да им стои на чест и совест. Ако имаат чест и совест, нема да им е лесно засекогаш.

За потсетување, името на Трајко Вељановски можевме да го слушнеме од страна на родител на убиените деца, кој му рече на Заев да се сети дали мајките на починатите деца, кога биле на состанок кај него, го прашале за вмешаност на Вељаноски во убиството и што им одговорил тој.

„Не се сеќавам точно на разговорите со мајките на децата убиени кај Смилковското езеро. Ако сум кажал таква работа, тоа било бидејќи доаѓале секакви информации. Поставувавте секакви прашања кои мислевте дека ќе ве доведат до вистината. Не се сеќавам на прашањето за Трајко Велјаноски. Но, ако ме прашате дали имам докази против него – не сум видел и немам никакви докази против него, освен неточни писанија кои сум ги видел во медиумите од квази-новинари“, реше вчера Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.