Нападот предводен од Илија Несторовски беше бледото лице на нашиот национален тим. Тому фудбалерот родум од Прилеп беше еден од најслабите поединци во нашиот состав

Објавил: Македонка Димкин | 9 јуни, 2019 21:27

МОМЦИ, НЕ ГИ ОПРАВДАВТЕ ОЧЕКУВАЊАТА!

Фото/Текст извор: ©МакСпорт

Го дочекавме денот, Македонија конечно живееше за репрезентативен фудбал. Главниот град веќе неколу дена „фудбалски дишеше“, а во кафулињата се говореше за Елиф Елмаз, Енис Барди, Горан Пандев и останатите македонски фудбалери. Но, фудбалската атмосфера пред и за време на натпреварот, главните актери не успеаја да ја зачинат со победа, ниту пак со претерано квалитетна претстава. Премногу го респектиравме противникот, кој рака на срце не е калибар на Шпанија, ниту пак на Франција. Фалеше и енергија, не покажавме ниту карактер, откако десет минути по примениот гол, речиси и да не се составивме со топката.

ДЕФАНЗИВАТА БЕШЕ НА НИВО, МУСЛИУ ГО СТАВИ „ВО ЏЕБ“ ЛЕВАНДОВСКИ

(превземено а како поддршка за МакСпорт) Љубовта кон спортот беше главниот мотив за формирање на МакСпорт. Во периодот кога ја создадовме (2012) , кошарката беше спортскиот двигател во оваа држава, па затоа и првичното име на нашата страна гласеше ,,Македонија на Евробаскет’’. 
Што не издвојува од останатите страни ? Посебни сме, поради тоа што сме една од ретките страни кадешто можете ,,јасно и гласно ’’ да го искажете вашето мислење, да имате свој сопствен став, ви овозможуваме отворена дискусија со администраторите на овој фан пејџ, со аргументи од ваша и од наша страна по одредено прашање. Јасно е дека во денешно време, сите функционираат за ,,лајк’’ повеќе, но тоа не е наша главна цел. Свесни сме доколку напишеме опширна анализа за одредена тема дека нема да помине така супериорно , во однос на тоа да објавиме некоја фотографија која буди емоции и која ве предизвикува да стиснете на фамозното копче ,,ми се допаѓа’’.
Што можеме да ветиме за во иднина ? Секако дека сме свесни за нашиот квалитет, можеби звучи арогантно, но младите момци кој ја работат оваа страница знаат дека вредат. Знаеме дека фејзбук не е доволно место за ширење на нашето ,,спорско новинарство’’, свесни дека повеќе од потребен е спортски сајт кој ќе влезе во конкуренција на веќе неколкуте во Македонија. Не избрзуваме, сакаме ,,силно’’ да влеземе во македонскиот спортски етер, па затоа идејата за сајт се уште ја ,,шминкаме’’ и кога ќе биде нешто ново и иновативно, ви ветуваме дека МакСпорт ќе биде еден уште посериозен проект.

„Рисовите“ одлично ги започнаа квалификациите со победа и реми, па со „победничка песна“ го дочекаа фаворитот во групата Полска. Но, на теренот сликата беше малку поинаква, од изјавите на селекторот Игор Ангеловски дека Македонија сака три бода од овој натпревар. Факт е дека Полјаците можеби не заслужија да победат, но дали „црвено-жолтите“ заслужија нешто повеќе од овој исход, кога ќе погледнеме дека единствена посериозна шанса беше ударот на Езгјан Алиоски над голот во вториот дел, откако претходно Лукас Фабијански бравурозно му одбрани на Илија Несторовски. Впрочем ако некој се издвои кај нас, тоа беше дефанзивната тројка, на чело со Висар Муслиу кој го стави „во џеб“ Роберт Левандовски, а одлична партија имаа и Егзон Бејтулаи, како и Дарко Велковски.

НЕСТОР ВРЕМЕ Е ДА СЕДНЕ НА КЛУПА

Нападот предводен од Илија Несторовски беше бледото лице на нашиот национален тим. Тому фудбалерот родум од Прилеп беше еден од најслабите поединци во нашиот состав, па се поставува прашањето, дали конечно Ангеловски ќе собере храброст да го седне фудбалерот на Палермо, на клупата за резерви. Исто така, малку е нејасно изоставувањето на Аријан Адеми од почетниот состав, играч кој ќе донесеше смиреност, но и дисциплина на теренот. Ангеловски ќе мора да почне да анализира колку оваа 3-5-2 формација е корисна за нашите фудбалери, бидејки на пример, Езгјан Алисоки наместо да биде во целосен елемент во нападот, со неговото трошење во дефанзивата, остава блед впечаток во офанзивниот дел од нашата игра.

ПРОТИВ АВСТРИЈА – ДА ОДИГРАМЕ НА РЕЗУЛТАТ

Време за тагување и претерано анализирање нема, Австрија не очекува веќе утре . Меч на кој мора да влеземе похрабро и без респект за противникот. Ангеловски мора да покаже карактер и да го освежи тимот, а Македонија доколу сака ЕП преку овие квалификации ќе треба да го освои целиот плен. Време е Ангеловски и стручниот штаб да размислуваат на конечниот исход, а не да се „расфрлаат“ со изјави околу добрата игра на нашиот национален тим. Во фудбалот се памти само резултатот и бројот на освоени бодови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од МакСпорт

„Претседателот на Националната пливачка федерација информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското

„Срамна е одлуката за неодржување на Охридскиот маратон!“

Охридскиот пливачки маратон оваа година нема да се одржи. Причината е блокираната...

По тој повод Агенцијата организираше прес конференција на која освен директорот на Агенцијата Наумче Мојсовски говореа и претседателот на е-федерацијата Бобан Тотовски и советникот за млади во Владата на Република Македонија Ѓорѓи Тасев

Е-спортот стана официјален спорт во земјава

Уште една федерација стана дел од семејството на Агенцијата за млади и спорт. Современиот...

Македонскиот таеквондист доби 10.000 евра награда и олимписка стипендија од МОК по 1.000 долари месечно, а од град Скопје уште 5.000 евра награда за големиот успех што го постигна во Токио.

Георгиевски на прием кај Заев, доби уште 800.000 денари плус награда за среброто!

Новиот македонски херој Дејан Георгиевски кој донесе сребро од Летните Олимписки...

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски на прес-конференцијата нагласи дека измината година реализацијата на ваучерите, иако во време на КОВИД-19, е висока и изнесува 89%.

Секоја година расте интересот за ваучерскиот систем за поддршка на спортистите, во 2020 година 677 компании донирале 547,7 милиони денари

„Мерката ваучер систем овозможува 10 милиони евра годишно да се донираат кај спортските...