Инаку Раман е роден и пораснал во Македонија, а веќе пет години живее во Германија, се родил без шаки и стапала но тоа не му беше пречка да го следи својот сон и да покаже пред светот колку е талентиран

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 октомври, 2019 11:21

Момчето кое ги расплака Германците: Пијанист од Македонија бeз шаки го трогна жирито на германски „Суперталент“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јозафат Раман, е момчето од Македонија кое буквално ја остави без здив публиката и жири комисијата на едно од најпознатите талент шоуа во Германија „Суперталент“ .

Јозафат Раман е момчето кое буквално ја остави без здив публиката и жири комисијата на германското шоу Суперталент.

Инаку Раман е роден и пораснал во Македонија, а веќе пет години живее во Германија, се родил без шаки и стапала но тоа не му беше пречка да го следи својот сон и да покаже пред светот колку е талентиран. Тој ги положил завршните испити за десетто одделение и сега сака да заврши средно училиште, а потоа да учи за наставник по музика. Како што вели, музиката е неговиот голем сон во животот.

Имено Сара Ломбарди која е една од членките на жирито, низ солзи го проследи неговиот настап, а Дитер Болен остана вџашен кога виде како Раман се снаоѓа со неразвиените шаки со кои ги допираше клавишите на пијаното.

„Тоа е генетски дефект“, му објасни тој на жирито. „Немам целосни раце или прсти, а исто така носам и протези на долниот дел од двете нозе“.„Секогаш го правев тоа што го сакав. Сакам да покажам дека можете да направите се и покрај вашиот хендикеп. Сето тоа е прашање на волја. Треба само да вложите многу работа и енергија“, додаде тој, откривајќи дека четири години свири пијано.

Членката на жирито Ломбарди се потсети на тешкиот период кој го поминала со својот син Алесио, роден со срцева мана, па поради тоа додека целиот настап на Раман го следеше со солзи.

„Тој навистина крајно ме трогна, ме преплавија емоции“, рече таа, додавајќи дека „луѓето родени на овој начин се вистински борци во животот“.

„Не мислев дека ќе биде можно со овие раце“, призна нејзиниот колега од жирито Болен. „Ми покажа дека ако сакате да постигнете нешто, можете да го сторите тоа“.

Инаку Раман доби „зелено светло“ од сите три члена на жирито. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.