Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Објавил: admin@magazin | 25 мај, 2019 17:22

Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерството за здравство информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во странство, но сега е потврдено дека ќе се лекува во најголемиот центар за изгореници на Балканот во Софија.

Се работи за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Од Министерството за здравство информираат дека е обезбедено санитетско возило кое треба да тргне во секој момент.

„Голема благодарност до колегите во Софија кои веднаш обезбедија место за понатамошно лекување на детето и му посакуваме побрзо опоравување. Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Министерството за здравство на Република Бугарија во месец јануари 2019 година потпишаа Меморандум за соработка. Нашата држава има одлична соработка со болниците во Бугарија“, велат од МЗ.

Вчера машко лице меѓу 20 и 25 години се здоби со тешки телесни повреди од струен удар во близина на железничката станица Трубарево при обид за кражба.

-При обид за кражба во текот на денешниот ден во 12:58 часот на железничката станица во Трубарево се случил несреќен случај, односно лице на возраст од 20 до 25 години се здобил со тешки телесни повреди, кој со возило на итна помош е пренесен во болница, информираат од Македонски железници – Инфраструктура.

Повреденото лице движејќи се по пруга се качило на шинско возило за одржување на контактната мрежа (дрезина) која била оставена на електрифициран колосек и по доближувањето во опасна зона на контактна мрежа се здобил со струен удар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.