За многу кратко време тој успеа да ја најде девојката, благодарение на многубројните коментари, и добрите луѓе кои му помогнале. Имено момчето се огласи повторно со новост дека ја пронашол девојката но, се уште на ја контактирал.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 октомври, 2019 10:12

Момчето од Хонгконг ја пронајде девојката со која се фотографирал во Охрид

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред само неколку дена на социјалната мрежа Фејсбук, едно момче од Хонгконг потпишан како Harry Ng, преку објава во групата „Expats and Foreigners in Macedonia“, бараше помош од македонските граѓани да ја пронајде девојката со која се фотографирал додека престојувал во Охрид.

За многу кратко време тој успеа да ја најде девојката, благодарение на многубројните коментари, и добрите луѓе кои му помогнале. Имено момчето се огласи повторно со новост дека ја пронашол девојката но, се уште на ја контактирал.

Фејсбук објава на Хари од Хонг Конг

Во пораката која ја испрати тој преку својот Фејсбук профил, им се заблагодарува на сите кои му помогнале во потрагата и го контактирале. Хари воедно и ги охрабрува сите со слична приказна да се обидат, бидејќи никогаш не се знае што добро тоа може да им донесе.

Инаку, според неговата прва објава, тој се запознал со девојката за време на неговата посета на Охрид на 7 октомври која му оставила силен впечаток и за што вели дека го направила Охрид незаборавен.

Додека шетал заедно со групата, му пришла непознатата девојка и побарала да се фотографира со него.

Ова е првата објава на Хари…

Здраво на сите, јас сум од Хонгконг. Го посетив Охрид на 7 октомври. Црквите, езерото, времето, тој е прекрасен град. Но, една мала случка го направи мојот впечаток за Охрид уште понезаборавен.

Еве што се случи.

Околу 11:30 часот, одев кон местото за ручек со други учесници од турата. Одеднаш, една девојка ми побара да се сликаме. Најпрво се шокирав, но реков ок и ова е фотографијата.

Бидејќи бев далеку зад групата, само и кажав чао, и ти благодарам. Не ја прашав за контакт информации.

Ако ја познавате девојката на оваа фотографија, можете ли да ми помогнете да се поврзам со неа?

Ако не ја познавате, но сметате дека ова е интересно, ќе ценам ако можете да ми помогнете што повеќе да се рашири оваа објава!

Фала за читањето! Ако се случи чудо, ќе ве известам сите!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...