Ваквата вест ја вознемири јавноста, а многумина и се надоврзаа на тоа дека токму Северина со години се бори сама за својот син. Вчера беше донесена одлука пејачката да го гледа синот сва пати во неделата и да плаќа алиментација од 160 евра. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 ноември, 2019 14:59

Монструозно е да одземеш дете од мајката: Ана Николиќ гневна на одлуката за одземање на синот од Северина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера познатата хрватска пејачка северина ја изгуби битката со поранешниот сопруг милан Поповиќ и го изгуби старателството над синот Александар јавноста се крена на нозе.

Ваквата вест ја вознемири јавноста, а многумина и се надоврзаа на тоа дека токму Северина со години се бори сама за својот син. Вчера беше донесена одлука пејачката да го гледа синот сва пати во неделата и да плаќа алиментација од 160 евра. 

 

Ана Николиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија од Северина и нејзиниот син и порача дека монструозно е на една мајка да и биде одземено старателството на детето.

Ваквата вест за одземањето на старателството ја погоди и нејзината колешка Ана Николиќ која остана без зборови поради ваквата одлука на судот во Загреб.

Ана вели дека монструозно е на една мајка да и се одземе старателството врз детето и на својот Инстаграм таа објави фотографии од Северина со нејзиното дете и напиша:

„Да ѝ го одземеш детето на мајката… Па тоа е монструозно и недозволиво. Каде може на детето да му биде подобро и кој може да го сака повеќе од мајката? Никој! Срамота… Се надевам дека институциите ќе реагираат. А таткото кој навистина го сака своето дете никогаш не би направил такво нешто и точка.“

За сега српскиот бизнисмен ќе остане да живее во Загреб, за детето да продолжи да оди во истото училиште.

Со привремената мерка одредено е дека Северина има право да го гледа синот во вторник и четврток од 15 до 20 часот и секој втор викенд, почнувајќи од овој. Детето може да го превземе во сабота во 10 часот и да го врати на Милан во недела до 20 часот. Со пресудата е регулирано кога Северина ќе може да го гледа синот за време на летните и зимските распусти, празници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.