Информираме и дека поради искажаниот поголем интерес на првично објавениот конкурс, исто така и стипендиите за ученици кои реализираат наставни програми од електро-техничка струка се зголемија од 9 на 23.

Објавил: Перо Милчин | 6 декември, 2020 11:24

МОН го зголеми бројот на стипендии за социјална поддршка, за ученици со попречености и ученици од електро-техничките училишта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за образование и наука информира дека на последната владина седница е донесена одлука со која се прошируваат квотите за доделување на неколку категории на ученички стипендии кои беа понудени во конкурсот за доделување на стипендии за учебната 2020/2021 година.

Првичната бројка од 400 стипендии за социјална поддршка на ученици се зголеми на 544.

Целта е да се помогне на што повеќе ученици кои потекнуваат од семејства во социјален ризик. Зголемен е и бројот на стипендии кои ќе се доделат на учениците со попреченост, односно наместо да има рангирање, прифатени се апликациите на сите ученици кои ги исполнуваат конкурсните услови.

Резултатите од конкурсите за доделување на овие два типа на ученички стипендии се објавени на следниот линк.

Средношколците кои се стекнаа со правото на користење ученичка стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до 11.12.2020 година да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

Информираме и дека поради искажаниот поголем интерес на првично објавениот конкурс, исто така и стипендиите за ученици кои реализираат наставни програми од електро-техничка струка се зголемија од 9 на 23.

Ова е една од категориите на стипендии за поддршка на учениците од средните стручни училишта кои се воведоа за прв пат во учебната 2020/2021 година.

За нивното доделување на www.mon.gov.mk e објавен нов конкурс, на кој ќе можат повторно да аплицираат сите оние кои аплицираа на првиот конкурс, но и учениците кои поради било каква причина не успеаја да поднесат апликација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...