Ќе се борам во името на оваа моја генерација во политиката да докажам дека можеме поинаку од сѐ што до сега сте виделе.

Објавил: Перо Милчин | 23 октомври, 2020 17:42

Мораме да станеме бранители на моралот и етиката во политиката, порача Мицкоски!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Прифаќање на предлогот Гоце Делчев по националност да биде прогласен за Бугарин ќе значи претопување на македонскиот народ, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Ако биде прифатено дека Гоце Делчев само во регионална смисла е Македонец,а по националност Бугарин и дека македонскиот јазик е лингвистичка форма на бугарскиот тоа ќе значи асимилација на македонската нација и сериозен удар врз државата. Ваква порака пред присутните пред собранието упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!

Ќе се борам во името на оваа моја генерација во политиката да докажам дека можеме поинаку од сѐ што до сега сте виделе.

Мораме да станеме бранители на моралот и етиката во политиката, и тоа не е апстракција туку вистинска вредност. Мораме да докажеме дека мафијата е мафија затоа што има чесни луѓе кои се борат против нејзе. И дека таквите не се малцинство кое молчи туку мнозинство кое ќе стане гласно.

И одма да кажам дека ако оваа мафија на чело со Заев донесе таква одлука следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, истата таа одлука веднаш ќе ја поништи и никогаш понатаму нема да ја почитува. Нека остане кажано и запишано, да не биде потоа не сме кажале и не сме предупредиле“, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести