Консензуален претседател значи кандидат кој ја има поддршката од група политички партии со заеднички интерес но поимот никаде нема етнички предзнак и Селмани тоа го знае

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 декември, 2018 6:18

Мора да е Албанец за претседател, еве може јас?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешни политичари оценуваат дека следниот претседател на државава треба да биде консензуален, односно прифатлив за сите етнички заедници.

Поранешниот претседателот на Собранието, Стојан Андов, оцени дека прашањето на консензусот во изборот на функцијата претседател, но и на премиерот и спикерот на Парламентот не треба да се остава на политичката волја на партиите, па препора уставно решение.

Андов нагласува дека големи отворени проблеми кои бараат решенија се тешкото достигнување на цензусот и неизвесноста околу овластувањата на претседателот.

Имер Селмани е македонски политичар, поранешен вицепремиер и Министер за здравство на Република Македонија. Во 2000 година бил избран за градоначалник на Општина Сарај, а на локалните избори во 2005 бил реизбран на таа позиција. Селмани од 2003 година, се до формирањето на неговата партија Нова Демократија бил потпретседател на ДПА. На ова место дошол откако од 2001 – 2003 година бил претседател на партискиот огранок за Сарај. Во 2006 година се кандидирал за пратеник од ДПА на парламентарните избори на кои победила ВМРО – ДПМНЕ. Во Владата на Никола Груевски бил избран за министер за здравство. Во 2008 година го најавил формирањето на партијата Нова Демократија. Се кандидирал за претседател на Македонија на претседателските избори 2009 година како кандидат на Нова Демократија. На предвремените парламентарни избори во 2011 година, неговата партија Нова Демократија доживува пораз,

Во меѓувреме, поранешниот политичар Имер Селмани оценува дека е време претседател на Македонија да биде Албанец.

Да не почнеме од фактот дека тој треба да биде Македонец, да биде прифатен од Албанците. Албанците ги гласаа речиси сите претседатели по ред. За жал и Иванов го изгласаа Албанците пред 5 години и пред 10 години, не во голем број, туку во доволен број за да стане претседател. Да не зборуваме за Борис Трајковски, Црвенковски и Киро Глигоров, кои исто беа изгласани од Албанците. Време да се размислува за консензуален кандидат Албанец, кој ќе биде изгласан од македонска страна и сите други етнички заедници кои живеат во Македонија. – истакна Селмани.

Коментирајќи ја неофицијалната листа на потенцијални кандидати за нов претседател, неофицијално во последниве денови се шпекулираше и Имер Селмани. Тој вели дека консензуалниот кандидат ќе треба да биде личност која е прифатлива за граѓаните, а не партиска личност.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески, би бил еден од прифатливите кандидати за него.
Но, Малески, кој, секако ја поздрави изјавата на Ахмети, рече дека од ниту една политичка партија не бил формално контактиран. Од партиите коментираат дека имињата на кандидатите јавноста ќе ги дознае најверојатно во јануари. 

Според Уставот, претседателските избори треба да се одржат во последните 60 денови од мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов.

Тој беше повторно избран за претседател за втор петгодишен мандат во април 2014 година кога се бореше со Стево Пендаровски од СДСМ. ДУИ тогаш ги бојкотираше изборите откако не беше прифатена нивната идеја за консензуален претседател.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести