Само во текот на вчерашниот ден на клиниката биле донесени тројца пациенти со симптоми на морбили

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 март, 2019 18:32

Морбилите не стивнуваат- на Инфективната клиника хоспитализирани 37 пациенти со морбили

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Вкупно 37 пациенти со морбили се хоспитализирани на Инфективната клиника од кои 19 возрасни и 18 деца. состојбата на еден пациент е загрижувачка  соопшти Министерството за здравство.

Инаку само во текот на вчерашниот ден на клиниката биле донесени тројца пациенти со симптоми на морбили, од кои двајца се пуштени на домашно лекување а една 29 годишна пациентка е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести.

Болеста најчесто се јавува кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата иако тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката.

Податоците објавени од Институтот за јавно здравје покажуваат дека во периодот од 2 март до 8 март 2019 година пријавени се дури 83 сомнителни случаи на мали сипаници, додека пак од почетокот на епидемијата во главниот град се регистрирани 493 случаи на мали сипаници.

Вкупниот број на вакцинирани лица во Скопје од почетокот на епидемијата на морбили е речиси 10 илјади лица, додека пак вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП-вакцина од почетокот на епидемијата во државата изнесува 15.151 лице. 

Во однос на грипот кој владее во државава, засега бележи пад на заболени лица. Во текот на минатата недела се пријавени 2.678 случаи со симптоми на грип, што е 16,5 отсто намалување во споредба со една недела пред тоа, додека пак вкупниот број на заболени од грип оваа сезона изнесува 15.201 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...