Различните бои на морковот содржат и различни антиоксиданси, состојки кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот. Најчесто се користи коренот, но може да се користат и листовите од морковот, но претходно сварени.

Објавил: admin@magazin | 27 јануари, 2020 23:24

МОРКОВ- Чистач на огранизмот од штетни материи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бројни истражувања докажале дека морковот има улога на „чистач“ на организмот. Тој го чисти организмот од штетните материи кои настануваат со лошата исхрана и со делувањето на загадената животна средина и разните зрачења.

Морковот во себе содржи многу витамини минерали, а поради антиоксидативното дејство, многу поволно делува на организмот. Тој ја зголемува природната одбранбена отпорност на организмот, односно го зајакнува имунитетот.

На тој начин, морковот е природен лек кој помага при многу заболувања и патолошки состојби.

Морковот во себе содржи многу витамини минерали, а поради антиоксидативното дејство, многу поволно делува на организмот. Тој ја зголемува природната одбранбена отпорност на организмот, односно го зајакнува имунитетот.

. Поради своето корисно и лековито дејство, морковот се препорачува при следниве состојби и заболувања:

. слабокрвност (анемија),
. болести на забите,
. болести на срцето и крвните садови,
. гојазност,
. киселини во желудникот,
. губиток на апетит,
. депресија и стрес,
. детски глисти,
. кожни заболувања (дерматит, екцем),
. за подобрување на видот,
. за побрзо зараснување на раните,
. за подобро согорување на мастите во организмот,
. при имунодефициенција,
. за јакнење на ноктите,

Бројни истражувања докажале дека морковот има улога на „чистач“ на организмот. Тој го чисти организмот од штетните материи кои настануваат со лошата исхрана и со делувањето на загадената животна средина и разните зрачења.

Во Норвешка, морковот им се препорачува на децата во вид на „Осло појадок“, бидејќи се смета дека помага во отстранувањето на заморот, во подобрувањето на концентрацијата, помага за подобро учење и подобар успех во школото.
Морковот е корисна намирница и добар природен лек за превенција и лекување на многу болести. Бидејќи е корисна, евтина и пристапна намирница, морковот треба често да се користи во исхраната.

Методи на консумирање и употреба

Морковите може да се јадат на многу начини. Само 3% од β-каротенот од суровите моркови се ослободува за време на варењето на храната. Ова може да се подобри до 39% преку раскашувањето, готвењето и додавањето на масло за готвење. Алтернативно, тие може да се сецкаат или варат, пржат или барат на пареа, да се варат во супи и чорби, како и да се употребуваат во бебешка храна и храна за миленици.

Добро позната мешавина на морковот е т.н. julienne. Зеленилото може да се јаде како зеленчуков лист, но ретко кога луѓето го користат во исхраната. Заедно со кромидот и целерот, морковите се едни од основните мешавини кои се користат за да се направат разни супи.

Морковите може да се јадат на многу начини. Само 3% од β-каротенот од суровите моркови се ослободува за време на варењето на храната. Ова може да се подобри до 39% преку раскашувањето, готвењето и додавањето на масло за готвење.

Во Индија морковот се употребува на многу начини, во салати или како зеленчук кој се додава во зачинет ориз или дал(традиционално вегетаријанско индиско јадење). Најпопуларната варијанта во Северна Индија е Gaajar Kaa Halwaa десертот од моркови, во кој се ставаат рендани моркови кои се подготвуваат со млеко се додека се соедни целата смеса, и потоа се додаваат ореви и путер.

Салатата од морков обично се прави од рендани моркови во западните делови и се зачинува со сенф и зелено чили потопено во врело масло, а морковите кои се додаваат во оризот обично се исецкани на долги правоаголни ленти.
Разните видови на морков кои се пронајдени во Северна Индија се ретки насекаде, освен во Централна Азија и другите гранични региони, и сега се зголемува во поголемите градови во Јужна Индија.

Морковот кој вирее во Северна Индија е розево-црвен, споредено со бојата на сливата или малината, па се до темно црвено јаболко (без допир на жолто или сино), додека повеќето варијанти на морков во светот имаат портокалова или жолта боја, слична на бојата на тиквата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...