Портпаролката на руското МНР, повтори дека собранието на Македонија се соочи со притисоки уцени спротивно од волјата на народот од референдумот за Преспанскиот договор

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 октомври, 2018 9:11

Москва не се меша во внатрешните процеси во Македонија, ни Палмер ни Мичел не се руси

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Портпаролот на министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Марија Захарова, со остра реторика возврати на обвинувањата од САД дека се мешаат во внатрешните работи на Македонија.

Захарова на прес конференција истакна:

Без оглед на обвинувањата на американските претставници на сметка на Русија, Москва не се мешаше во внатрешните работи на Македонија, туку тоа го стори Вашингтон. -изјавила на редовниот брифинг за новинарите портпаролката на руското Министерство за надворешни работи. – Марија Захарова.

Захарова не го изостави ни помошник заменикот државен секретар на САД.

Повторно се слушаат обвивувања на сметка на Москва за мешање во внатрешните процеси во Македонија. Toa што Метју Палмер го кажа во Скопје, за вмешаноста на Русија е смешно. Би сакале да потсетиме дека на 19 октомври, САД, а не Русија, со помош на нечесни методи, уцени, закани и поткупување на пратеници, ја протуркаа во македонското собрание одлуката за почеток на постапката за измена на Уставот на Македонија.

Колку што знам Македонија не ја посети ниту еден официјален претставник на Русија, освен ако Метју Палмер и Вес Мичел не работат за нас. – рече Захарова.

Таа истакна дека против Преспанскиот договор не е Русија, туку самите македонски гласачи кои го покажаа својот став на референдумот на 30-ти септември.

Воедно ја повтори информацијата каде бил амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли во петокот.

Американскиот амбасадор во Скопје беше во зградата на Собранието и управуваше со овие процеси. – истакна Захарова.

Високиот американски официјален претставник, Метју Палмер, ја искритикува претходно Русија за наводно мешање во процесите во Македонија и апелираше до владејачкото мнозинство во Собранието да ги усвои уставните измени, нарекувајќи ја оваа можност единствена, која нема да се повтори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.