Москва истакна дека третманот применет врз него и неговото апсење од страна на косовските специјални сили претставува безобѕирно кршење на меѓународното право и нормите на општеството.

Објавил: admin@magazin | 30 мај, 2019 11:53

Москва отвори истрага за нападот врз рускиот државјанин на Косово!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Третманот кон апсењето на рускиот државјанин во Косово, претставува безобѕирно кршење на меѓународното право и нормите на цивилизираното општество, изјавија од Руската прес-службата на Комитетот.

Во раните утрински часови на 28 мај, косовската полиција влезе во северните општини на Косово и Метохија, каде се главно населени со српско населени, и меѓу другото го уапси и Рускиот државјанин Красношченков, кој има дипломатски имунитет.

Рускиот истражен комитет отвори предистражна постапка за нападот на Косово врз државјанинот на Русија, вработен во ОН, Михаил Красношченков.

„Рускиот истражен комитет отвори истрага за инцидентот со рускиот државјанин Красношченков вработен во УНМИК“, соопшти прес-службата на Комитетот, а пренесува ТАСС.

Русија изјави дека лошиот третман применет врз него и неговото апсење од страна на косовските специјални сили претставува безобѕирно кршење на меѓународното право и нормите на цивилизираното општество.

Истрагата ќе ги проучи сите детали на инцидентот кој се случи завчера и ќе даде правна процена на активностите преземени кон Красношченков.

Рускиот државен комитет во согласност со нормите на домашното и меѓународното право, има големо право да отвори истрага против нелегално постапување кон граѓанин со дипломатски имунитет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.