Детето е пренесено во болницата „Св. Наум Охридски“ со повреди на ногата, но е надвор од животна опасност.

Објавил: admin@magazin | 5 септември, 2019 15:33

Моторџија утрово прегази деветгодишно дете пред училиште во Скопје!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денес во раните утрински часови моторџија прегази деветгодишен ученик пред основното училиште „Ацо Шопов“ во скопската населбата Радишани.

Детето за време на големиот одмор ја минувало улицата Радишанска на пешачки премин, при што било прегазен од моторџија. Повреденото дете е пренесено во болницата „Св. Наум Охридски“ со повреди на ногата, но се наоѓа надвор од животна опасност.

Едно лице загина, а три се потешко во четири од вкупно 24 сообраќајни несреќи што викендов се случиле на подрачјето на Град Скопје.

Полицијата викендот во Скопје санкционирала 19 возачи кои управувале под дејство на алкохол, 55 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и пет почетници.

Од сообраќај биле исклучени 242 возачи поради поголема брзина од дозволената и 39 нерегистрирани возила. За непрописно паркирање во градот се издадени 151 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 97 возила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...