20-годишната  Моника К. од околината на Ниш, девојчето кое во заробеништво 10 дена ја чуваше Нинослав Јовановиќ познат како Малчански бербер, пуштена е денеска од Детската клиника во нишкиот Клинички Центар на домашно лекување.

Објавил: Весна Петровска | 17 јануари, 2020 18:57

„Мојата ќерка е лавица“ – Моника која беше киднапирана од Малчанскиот бербер

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

 Сведоштвото на мајката на девојчето кое беше киднапирано од Нинослав Јованвиќ за прв пат прозборе со што се соочуваат и низ каков пекол поминуваат.

20-годишната  Моника К. од околината на Ниш, девојчето кое во заробеништво 10 дена ја чуваше Нинослав Јовановиќ познат како Малчански бербер, пуштена е денеска од Детската клиника во нишкиот Клинички Центар на домашно лекување.

Таа во Клиниката престојувала 19 дена.

-Сите го чекавме овој ден кога нашето дете ќе дојде дома, кога цела оваа гонија ќе престане – рекла мајката Александра за излегувањето на Моника од болница.

Да потсетиме, на па до училиште Моника беше киднапирана и 10 дена држена во заробеништво од Нинослав, кој со неа се криеше по напуштени куќи во књажевачкиот и нишкиот крај.

Таткото на Моника, Роберт, вели дека е пресреќен што ќерка му конечно стигнала дома и дека сега претстои долг период на борба, но дека тој, нејзината мајка, баба ѝ и дедо ѝ ќе бидат покрај неа.

Тој рекол дека неговата ќерка е лавица, дека покажала колку е психички силна. Додал дека му е мило што агонијата конечно е готова, се заблагодарил на сите кои учествувале во потрагата, но пред се на Емил Живиќ кој ја нашол и поради кој неговото дете е живо.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.