Меркел има диплома и докторат за квантна хемија, што несомнено ја прави една од најквалификуваните лидери во една држава за време на оваа пандемија.

Објавил: admin@magazin | 18 април, 2020 13:49

МОЌЕН ГОВОР НА МЕРКЕЛ ЗА КОЈ ЗБОРУВА ЦЕЛ СВЕТ: Погледнете го видеото во кое објаснува како се шири корона вирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Говорот на германската канцеларка Ангела Меркел во кое објаснува како се шири коронавирусот и колку е опасно олеснувањето на рестриктивните мерки за кратко време доживеа „бум” во целиот свет.

Откако нејзиниот говор беше преведен на англиски јазик, армија од луѓе излезе на социјалните мрежи и изрази љубомора, но имаше и такви што ја фалеа германската шефица.

Меркел има диплома и докторат за квантна хемија, што несомнено ја прави една од најквалификуваните лидери во една држава за време на оваа пандемија.

Германија, иако е сериозно погодена од вирусот, успеа да започне со израмнување на кризата и има далеку пониска стапка на смртност од другите земји.

Во видеото кое брзо започна да се шири на социјалните мрежи, Меркел објасни зошто укинувањето на мерките бара претпазливост и го опиша експоненцијалниот пораст на бројот на пациенти.

Таа исто така објасни колку може заразеното лице да зарази други и дека прави голема разлика во тоа како ќе работи здравствениот систем.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.