Се смета дека кромидот помага при широк спектар на заболувања - од обична настинка, па сѐ до срцеви заболувања, дијабетис, остеопороза и некои други болести.

Објавил: admin@magazin | 7 октомври, 2020 20:02

МОЌЕН ЛЕК: Има антиинфламаторно дејство, ја чисти крвта, го регулира шеќерот и спречува рак!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Кромидот е еден од најстарите зеленчуци познати на човештвото. Тој се употребува како додаток или зачин во различни рецепти во речиси сите светски култури. Може да се најде во свежа, замрзната, конзервирана и дехидрирана состојба, како и во прав. Овој зеленчук може да се користи во речиси секој вид на храна, и тоа пржена или во салати, но и како зачин. Во зависност од вариететот, кромидот може да биде со остар или благ вкус.

Се смета дека кромидот помага при широк спектар на заболувања – од обична настинка, па сѐ до срцеви заболувања, дијабетисостеопороза и некои други болести.

Тој содржи хемиски соединенија за кои се верува дека имаат антивоспалителни, антихолестеролски, антиканцерни и антиоксидирачки својства, како на пример кверцетинот.

Во кромидот се наоѓаат многу состојки кои делуваат бактерицидно, т.е се борат против бактериите и другите микроорганизми, кои се причинители на разни воспаленија

Сепак, не е јасно покажано дека зголеменото консумирање на кромид е директно поврзано со здравствени придобивки кај човекот. Некои истражувања, меѓутоа, покажале дека зголемената исхрана со кромид доведува до намалување од ризикот за добивање рак на главата и вратот. Во Индија, некои секти не јадат кромид, бидејќи се вреува дека тој има афродизиско дејство.

Еден американски хемичар истакнал дека плеиомерските соединенија во кромидот имаат потенцијал да ги намалат симптомите на фарингитис, или, пак, целосно да го излечат.

Го зајакнува имунитетот

Кромидот е богат со витамин Ц, што е многу важно за одржување на здрав имунитет. Компреси од свеж кромид на нозете може да го намалат ризикот од развој на инфекции во телото.

Кромидот има природни антибактериски својства и е познато дека ги уништува бактериите кои предизвикуваат воспалителни состојби во организмот.

Ја прочистува крвта

Вашата крв е одговорна за транспорт на кислород и хранливи материи до сите клетки во телото. Покрај тоа, тој собира отпадни материјали и токсини од кои телото се ослободува. Се верува дека компреси од кромид на стапалата му помагаат на телото поефикасно да ги отстрани токсичните материи акумулирани во крвотокот пред да предизвикаат опасни по здравјето состојби.

Нормализира нивоа на шеќер во крвта

Заговорниците на дијабетес или предијабетес дефинитивно треба да спијат ноќе со свежи облоги од кромид на нозе, тврдат поборниците на овој метод.

Кромидот може да го стимулира производството на инсулин во организмот, што помага да се пренесе шеќерот од крвта во клетките и со тоа се регулира неговото ниво.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...