Ураганот „Лоренцо“ кој е од втора категорија се очекува да ги погоди португалските острови во вечерва или во текот на утрешниот ден.

Објавил: Весна Петровска | 1 октомври, 2019 19:31

МОЌЕН УРАГАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ ЕВРОПА: Бранови од 22 метри и ветер од 200 километри на час

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Бранови високи до 22 метри и ураган од над 200 километри на час се прогнозираат дека ќе ги погоди деловите од Азорските острови.

Ураганот „Лоренцо“ кој е од втора категорија се очекува да ги погоди португалските острови  вечерва или во текот на утрешниот ден.

Американскиот Национален Центар за урагани во Мајами издаде предупредувања за ураган на седум од деветте вулкани на Азорските осрови и за тропското предупредување за тропска бура за останатите два. Околу 250.000 луѓе живеат на оддалечените острови.

Властите на Азорните острови издадоа црвен сигнал за двата најзападни острови Флорес и Корво меѓу полноќ и напладне.

Покрај силниот ветер и бурното море, се прогнозира и обилен дожд. Издаден е црвен сигнал за петте централни острови.

Регионалната влада на Азорските острови испрати екипи за чистење на дренажните системи за време на денешното тивко време и ги предупреди жителите да ги подготват своите домови.

Часовите во училиштата се откажани и на владините работници им било речено да останат дома.

 

Лоренцо претходно беше ураган од петта категорија, кое беше најсилното невреме досега видено на северот и истокот на Атлантикот.

Португалската метеоролошка служба очекува ураганот Лоренцо утре да ослабне во прва категорија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...