Со многу емоција, заедно со народот подготвена сум да ја понесам тежината на борбата.

Објавил: Перо Милчин | 20 февруари, 2020 7:31

Моќна порака на Мизрахи: Должни сме да си ја одбраниме нашата мајка, Македонија- НИЕ СМЕ МАКЕДОНСКИ НАРОД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што мечката си го брани своето мече, должни сме да си ја одбраниме нашата мајка, Македонија. Време е да се сплотиме и да одиме напред. Ние сме македонски народ. Нема да молчиме и лавовски ќе се бориме еден до друг, вели екс министерката Рашела Мизрахи.

Со многу емоција, заедно со народот подготвена сум да ја понесам тежината на борбата.

Моите рамења се спремни да бидат потпора за оние кои ќе се уморат. Само заедно можеме да си помогнеме, сплотени, единствени, пожртвувани, како што мајка го брани своето чедо, така и ние мораме и можеме, да ја извршиме нашата света должност, пишува Мизрахи.

Ако се потсетиме само две поколенија наназад ќе се увериме дека сите сме или роднини или пријатели. Никој не е херој сам, ама херојската победа се остварува само со тимска работа.

Да стоиме заедно со нашиот Претседател Hristijan Mickoski заеднички да го трасираме патот за Обнова, а бидете сигурни во силата, затоа што Македонија ни го чува грбот, вели Мизрахи.

ВМРО-ДПМНЕ, смета дека причина за разрешувањето на Мизрахи не е таблата со името Република Македонија, туку тоа што таа открила незаконитости и злоупотреби што ги правела претходната министерка Мила Царовска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.