Петтата генерација интернет за мобилни телефни, нуди многу поголема брзина на преземање и пренос на податоци, поголема покриеност и постабилна врска.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 ноември, 2019 14:39

МОЌНО: Кина ја стартуваше најголемата 5G мрежа во светот!

Фото/Текст извор: ©иновативност.мк

Кина завчера официјално ја пушти во употреба најголемата 5G мрежа во светот, а телекомуникациските оператори во земјата на клиентите им нудат 5G услуги по почетна цена од 18 долари месечно.

Петтата генерација интернет за мобилни телефони, нуди многу поголема брзина на преземање и пренос на податоци, поголема покриеност и постабилна врска.

Три кинески оператори – China Mobile, China Telecom и China Unicom понудија 5G пакети по почетна цена од 18 долари за 30 GB податоци месечно, што на кинеските корисници им овозможува пристап до ултрабрза услуга на мобилен интернет. Меѓутоа, експертите предупредуваат дека таа цена може да биде превисока за да поттикне пошироко прифаќање на мрежата.

Овие оператори првично го планираа лансирањето на мрежата за идната година, но сепак ги забрзаа своите планови. Комерцијалните 5G услуги сега се достапни во 50 градови, вклучувајќи ги Пекинг, Шангај, Гуангжу и Шенжен.

Во Шангај се активирани речиси 12.000 5G базни станици за поддршка на покриеноста со 5G во клучните градски отворени зони. Според проценките на кинеската влада, повеќе од 130.000 5G базни станици ќе бидат активирани до крајот на годината за да се поддржи работата на оваа мрежа. Повеќе од 10 милиони корисници се пријавиле за 5G пакети во трите локални кинески оператори уште пред лансирањето на мрежата.

Според неодамна објавениот извештај на меѓународното здружение за мобилна индустрија GSMA, Кина до 2025 година ќе биде на чело на глобалната 5G револуција со повеќе од 600 милиони претплатници на 5G.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...