Плодот на дињата содржи 95% вода, 1% белковини, 5,5% шеќери, 1 грам растителни влакна, лимонска киселина, етерични масла.

Објавил: admin@magazin | 24 јануари, 2020 22:32

МОЌТА НА ДИЊАТА- Помага при лекување на разни болести

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дињата е едногодишна билка. Припаѓа на фамилијата Cucurbitacae, каде припаѓаат и лубеницата, тиквата и краставицата.

Плодот на дињата е жолтопортокалов, сочен, со благ вкус и карактеристична арома. За јадење е добра потполно зрела диња. Дињата се јаде свежа, исечена на парчиња и е одлично освежување во летните месеци. Но, од дињата се прават и овошни салати, компоти, џемови, сокови. Се користи плодот, коренот и семето.

Плодот на дињата содржи 95% вода, 1% белковини, 5,5% шеќери, 1 грам растителни влакна, лимонска киселина, етерични масла. Од витамини содржи многу каротин (2000 милиграми), витаминДињата содржи висок процент вода и многу малку калории. Како и другото овошје, дињата не содржи масти и холестерол.

Енергетската вредност во 100 gr диња изнесува ’24 kcal.’ Во семето на дињата има вода, водородни соединенија, фитини и масни киселини. и од групата Б и витамин Ц. Од минерали, дињата е богата со
калиум (320 милиграми). 

Плодот на дињата содржи 95% вода, 1% белковини, 5,5% шеќери, 1 грам растителни влакна, лимонска киселина, етерични масла. Од витамини содржи многу каротин (2000 милиграми), витамин. Дињата содржи висок процент вода и многу малку калории. Како и другото овошје, дињата не содржи масти и холестерол.

Употреба:

Ниту едно друго овошје не е покарактеристично за летниот период повеќе од лубеницата. Таа е одличен извор на калиум, но дињата содржи скоро три пати повеќе калиум од лубеницата. Својата портокалово-жолтеникава боја, дињата ја добива од бета-каротенот, кој е моќен антиоксидант. Бета каротинот помага во борбата против ракот, а според некои последни истражувања се користи и во лечење на други типови на малигни болести.Затоа, дињата се смета дека е и антиканцерогено овошје.

Дињата помага при лекување на разни болести, но и при заштита на кожата од изгореници.
Во народната медицина дињата се користи за смирување и освежување. Водата и калиумот од ова овошје ја подобруваат работата на бубрезите и помагаат во отстранувањето на штетните материи од организмот.
Дињата е природен лек за детоксикација на организмот.

Дињата во народната медицина се користи и против камен во бубрег, при убод од инсекти и изгореници, при заболувања на желудникот и цревата.

Помага при воспаление на жолчните и мочните патишта, при пореметено варење на храната.
Сокот од диња, поради големата количина на антиоксиданси, му помага на организмот да се бори против штетните слободни радикали, кои ја оштетуваат кожата. Дињата и сокот од дињата штитат и од сончеви изгореници.

Облози од сок од диња се користат за намалување на болката. На болното место се ставаат облоги од исцеден сок од диња или од изрендана диња.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...