Во рамките на културно-уметничката е вклучен и аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.

Објавил: admin@magazin | 8 септември, 2021 20:00

Моќта на нашата држава е во нашата разноликост и капацитет да се обединиме како едно

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со премиерната изведба на симфонијата „Убави денови” од Живоин Глишиќ, специјално напишана во чест на 30-годишнината од независноста, во изведба на Филхармонијата на Македонија под диригентската палка на Бисера Чадловска, започна свечената програма за одбележување на овој значаен јубилеј пред Собранието на Република Македонија.

Во присуство на државниот врв на земјата, на пратениците и на членовите на Владата и претставници на државната управа и другите општествени институции, на претставници на граѓанското општество и верските заедници, како и во присуство амбасадори и други членови на дипломатскиот кор во земјата и на граѓани, со почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19, програмата посветена на тридецениската самостојност на државата продолжи со предвиденото свечено дефиле.
 
Нашите сограѓани во поворката, припадници на оружените сили од Армијата и од формациите за јавна безбедност на МВР, нашите посветени здравствени работници, пожарникарите и другите припадници на системите за заштита и спасување, земјоделците и рударите, од индустријата, спортот, културата и фолклорните традиции, кои како приказ на нашето општество денес, еднакво за сите граѓани, ја споделија својата радост со гостите и граѓаните коишто ги поздравија со должна почит.
 
Нивното дефиле пред гостите ја отслика Република Македонија како држава од народот и за народот, нашата мултикултурна традиција и нашата европска определба, институциите на државата посветени на благосостојбата на граѓаните на нашата земја.
 
Церемонијалниот дел на програмата за одбележување на 30-годишнината од независноста продолжи со изведбата на уметнички акт на Филхармонијата на Република  Македонија сочинет од исполнувањето на Бетовеновата „Ода на радоста“ со вокалните солисти од Националната опера и балет Ирена Кавкалевска – мецо сопран, Катерина Стојановска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор и Кристијан Антовски – бас, со вклучена кореографија на учениците од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.
 
Овој дел од програмата се затвори со изведбата на антологиската „Абер дојде Донке“ во изведба на Влатко Стефановски.

Свечената програма по повод 30 години од независноста ќе продолжи со обраќањата на претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, на претседателот на Собранието Талат Џафери (видео обраќање) и со обраќање на претседателот на Владата Зоран Заев.
 
Музичката програма што ќе следува по обраќањата на државниот врв предвидува изведба на  музички сплет од познати нумери специјално аранжиран за оваа пригода, отпеан на јазиците на седум етнички заедници кои живеат во Република Македонија, во изведба на Вера Милошевска – Јосифовска, Јеона Шакири, Елеонора Мустафовска и Минела Богдановиќ, во продукција на Димитар Димовски.

Свечената програма по повод 30 години од независноста ќе продолжи со обраќањата на претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, на претседателот на Собранието Талат Џафери (видео обраќање) и со обраќање на претседателот на Владата Зоран Заев.

Во рамките на културно-уметничката е вклучен и аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.
 
Музичкиот дел од програмата со кој ќе заврши одбележувањето на 30-годишнината од независноста, предвидува изведби на антологиски забавни песни што ќе ги исполнат Мики Јовановски Џафер, Никола Перевски Пере, Тамара Тодевска, Дешира Ахмети, Џон Илија Апелгрен, Ристо Вртев, Светлана Јовановска, во придружба на Филхармонијата на Македонија како и инструменталната изведбата на албанската народна песна „Бареша“, по што ќе следува свечен огномет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Манифестации

Во рамките на културно-уметничката програма потоа следува аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.

Дефиле на македонскиот општествен мозаик, премиерна симфонија, визуелни и музички перформанси се дел од програмата пред Собранието за 30 години независност

Свечената програма по повод 30-годишнината од независноста денеска ќе започне пред...

Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во Скопје.

ШИЛЕГОВ ГО ПОВИКА ПЕНДАРОВСКИ ЗАЕДНО ДА ГО УРЕДАТ ЦЕЛИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ

На затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS што вчеравечер се...

Бела ноќ, во организација на Универзалната сала, со поддршка на Град Скопје, на граѓаните со својот урбан концепт ќе им ја доближи уметноста, додавајќи и нова, културна димензија.

ВО САБОТА БЕЛА НОЌ НА 10 ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ

Скопје и скопјани по 16-ти пат, в сабота на 26. септември, ќе можат да бидат дел од Бела...

Прва земја-домаќин на натпреварот од воведувањето на новиот начин на организација е Србија, при што годинава овој натпревар се одржа во Белград.

Македонија ќе биде домаќин на Меѓународниот балкански вински натпревар

На Меѓународниот балкански вински фестивал, кој годинава се одржа во Софија, Бугарија,...