Темјанот се употребува како лек!

Објавил: Владо Марин | 8 јуни, 2023 18:02

Моќта на темјанот: Го подига имунитетот и помага во лечење на многу болести

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Низ целата историја на човештвото, темјанот е употребуван при лечење на најразлични болести, а притоа не се забележани буквално никакви нуспојави.

Иако поседува многубројни лековити средства, за темјанот повеќето луѓе незнаат речиси ништо. Според верувањата на Ајурведата, темјанот во домот носи добро здравје на сите членови на семејството!

Токсиколошките истражувања во поново време, исто така покажале дека екстрактите од темјанот се безбедни како за надворешна употреба, така и за внатрешна употреба.

Покрај тоа што темјанот кај нас е познат преку црковните церемонии, уште се смета и за еден од најстарите мириси.

Активните состојки од оваа билка се монотрепени, дитерпени, сесквитерпени, јаглеводороди и босвелинска киселина. Се смета дека токму босвелинската киселина, од билката темјан се одликува со против-воспалителни и аналгетски својства.

Влијанието на темјанот се покажало како делотворно и кај тумори на мозокот и неколку видови на карцином!

Во ароматерапијата, темјанот се користи за ублажување и лечење на депресијата, хистериите, стресот и напнатоста.

Запалената смола од темјан вообичаено има доста интензивен мирис, па кај одредени личности може да предизвика и непријатност.

Некои студии покажале дека темјанот може да помогне во лекувањето на некои видови на рак – малигнен меланом, рак на мочен меур и тумори на мозокот. Во едно истражување беше потврдено дека екстрактот од темјан ги намалува невролошките оштетувања, ја олеснува депресијата и ги намалува тензиите, спречува да дојде до болести на крвните садови а го намалува и лошиот холестерол.

Се смета дека со инхалирање или едноставно вдишување на маслото од темјан може да ги ублажиме проблемите со дишењето како што се алергиите, астмата, бронхитисот, синуситисот, настинките, итн. За овој експеримент е доволно да се накапе масло од темјан на дланката, па во текот на денот неколку пати да се вдишува.

Уште еден обичај на жителите во Индија е џвакањето на темјан за подобро здравје на забите и усната празнина. Поради своите антимикробни својства, се верува дека темјанот ги спречува инфекциите.

Иако нема познати контраиндикации, темјанот и неговите препарати би требало да ги избегнуваат хипертензичарите, трудниците и доилките.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...