Од МПЦ веќе го повикаа свештенството и верниците да ги почитуваат владините мерки против ширење на коронавирусот.

Објавил: Владо Марин | 14 април, 2020 15:01

МПЦ: За Велигден црквите отворени, но да се почитува полицискиот час

Фото/Текст извор: ©Алсат

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролорите околу верските храмови за време на големиот христијански празник – Велигден.

Празникот се совпаѓа со најдолгиот полициски час во земјата кој ќе трае три дена или вкупно 85 часа. Забраната за движење стапува на сила во петок попладне во 16 часот и ќе важи до вторник, до 5 часот наутро.

Од МПЦ веќе го повикаа свештенството и верниците да ги почитуваат владините мерки против ширење на коронавирусот. Сепак, на интернет е отворена петиција со барање верниците да може да присуствуваат на литургија, но на соодветно растојание, како што е воспоставен ред во банките и маркетите. Владиката Тимотеј за Алсат М објаснува дека црквите се отворени, но верниците би можеле да дојдат само кога нема забрана за движење.

„Црквите секако ќе бидат отворени, но знаеме дека за големиот празник ќе има полициски час. Ова значи дека ако верниците дојдат на литургија ќе го прекршат законот.

Што се однесува до останатите денови, во период кога нема полициски час, ние држиме постојано богослужби и храмовите се отворени за лична молитва. Препораката е светите литургии да се одржуваат со најмногу пет верници, но пак ќе кажам тоа е само кога нема полициски час“, вели владиката Тимотеј.

Претходно, во услови кога власта апелираше до граѓаните да не излегуваат од дома за да се спречи ширењето на коронавирусот, цела Повардарска епахија ги осветуваше градови и ги повикуваше верниците да се причестат во црква.

Сега и митрополитот на оваа епархија, Агатангел се повлече од идејата, па пред Велигден ги повика верниците сепак да се молат од своите домови, а не во црквите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани