Двете фирми, иако не оствариле никаков приход во работењето, потрошиле 3 милиони евра за плац за градба, по што ќе направат ќар од над 7 милиони евра од "одлична" инвестиција

Објавил: Мартин Попоски | 27 ноември, 2018 12:40

МПЦ и Лешочкиот манастир станаа градежни инвеститори?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Прашањето кое ги разгневи верниците е како МПЦ успеала да потроши 3 милиони евра за откуп за градежно земјиште на кое планира да гради станбени објекти, без тоа да го стави на увид на јавноста.

Гневните верници посочуваат дека знаат дека црквата редовно купува недвижен а и прилично скап движен имот, но ретко, скоро никогаш не учествува во се поголемиот број апели за помош на социјални случаи или пациенти на кои итно ми е потреба финансиска помош.

Верниците упатуваат дека Црквата во основа се финансира од нив, па прашуваат дали зградите пред скопскиот хотел “Холидеј Ин” ќе се народни?

Имено околку фирмите сопственици на градежно земјиште „Обновители“ и М.Г „Фешн“ успеат да ги изградат 60-те катниците во Општина Центар, лешочкиот манастир во Тетовско, игуменот Отец Теодосиј и Македонската православна црква ќе станат сопственици на деловен и станбен простор во вредност од десетици милиони евра.

За таа цел во 2010 година во централниот регистар е формирана фирмата за градежништво „Обновители“ во сопственост на МПЦ, со седиште на фирмата на иста адреса.

По 8 години присуство во централниот регистар, владиката Тимотеј негира било какви градежни зафати и присуство на МПЦ во градежниот бизнис.

Управител на „Обновители“ од 2010 е извезен Вичко Гочевски, свештеник и дипломиран теолог од село Кадино. Фирмата со теолошки предзнак „Обновители“ е основана со 7 илјади евра парични средства и над 2 милиони евра во недвижен имот, но вистинскиот сопственик е Лешочкиот манастир. Имотот го поседувале од 18-тиот век, а го вратиле во владение со денационализација во 2009 година.

Игуменот Теодосиј го отстапил имотот на фирма, а за возврат потпишал меница и чека надоместок доколку се гради.

Пред неполн месец партнерското дуо „Обновители“ и фирмата М.Г. „Фешн“ на познатиот бизнисмен Зоран Антиќ и неговата сопруга косопственик Тања Антиќ од Куманово докупиле уште 9.000 метри квадратни државно земјиште од Министерството за транспорт и врски, а на државна сметка уплатиме безмалку 3.000.000 евра.

Продажбата е направена во 4 очи, бидејќи Законот за градење дозволува да се дооформи градежна парцела, и се е чисто според законот, тврди ресорниот министер Горан Сугарески.

Иако партнер на „Обновители“, сопружниците Антиќ во партнерскиот бизнис влегле само со 10 евра оснивачки влогови.

Засега останува неодговорено со чии пари се докупуваат илјадници метри квадратури на елтитната локација, бидејќи и двете фирми немаат остварено профит во работењето?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести