"Обновители" на МПЦ - ОА дала 2.3 милиони евра, народни пари од верниците а нејзиниот бизнис партнер 500.000 евра за откуп на градежното земјиште спроти скопски Холидеј Ин

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2018 6:58

МПЦ немало да гради, но затоа докупува земјиште спроти Холидеј ин

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Фирмата „Обновители“ во сопственост на Македонската православна црква која што нема вработени освен управител, свештеник од с. Кадино, 8 години не се занимавала со градежништво.

Но таа е истата фирма која што на сметката на Министерството за транспорт и врски уплатила 2.3 милиони евра.

Нивниот бизнис партнер, Зоран Антиќ и фирмата М.Г. „Фешн“ дале само 500.000 евра, за министерството да им продаде 9.000 метри квадратни по цена од 312 евра, во 4 очи.

Потпис на договорот удрил министерот Горан Сугарески, кој обврзан со законот мора да продава по таа цена брифираат од неговиот кабинет.

Продажбата на државното земјиште со површина од 9.000 квадратни метри е направена според Законот за градежно земјиште по цена утврдена во Уредба донесена од Владата во 2016 година која важи за физички и за правни лица. При тоа е земена повисоката цена која е утврдена за деловен простор, а согласност за законитоста даде и државниот правобранител. – информираат од кабинетот на Сугарески.

МПЦ и „Обновители“ од формирањете до купопродажбата мирувале, додека нивниот партнер Антиќ успеал да купи 4 парцели, токму оние коишто заедно ќе им го овозможат правото за барање за оформување на градежната парцела.

Парцелата  во приватна сопственост од 4605 м2  ја сочинуваат четири делови на „М.Г. „ФЕШН”  од по 108, 481, 100 и 241 метар квадратен метар и 3.620 метри квадратни на „Обновители” стекнати по основ на денационалзиација во 2008-та.

На МПЦ и Антиќ сега им недостасуваат уште имотите на куќите во Ново Маало за да можат да ја комплетираат и третата градежна парцела која заедно со останатите 2 ќе им овозможи над 20 илјади градeжни квадрати.

Дали ќе се изградат 3 x 60 катници, 3 x 20 катници и 3 x 4 катници последниот збор ќе го има Oпштината која најави ревизија на овој спорен ДУП. Доколку локалната власт го пренамени овој простор според министерството за транспорт и врски ќе мора на МПЦ и Зоран Антиќ да им го откупи земјиштето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.