Обвинителката на денешното рочиште влезе во жестока дебата со судијката откако одбраната на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска побара одложување на почетокот на судењето за убиството на Пинета Секондо.

Објавил: admin@magazin | 15 ноември, 2019 21:38

МРАЧЕН И СУРОВ ПОГЛЕД: После неколку месеци во притвор вака изгледа АНГЕЛА ЃОРЃИЕВСКА убиецот на Пино!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обвинителката Виолета Раичевиќ по денешното рочиште изјави дека од МВР добиле информации дека осомничениот Али Фуркан на 10 мај влегол во земјава, а на 27 му се губи трагата, пишува 24 инфо.

Обвинителката на денешното рочиште влезе во жестока дебата со судијката откако одбраната на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска побара одложување на почетокот на судењето за убиството на Пинета Секондо.

Судењето за убиството за Пино Секондо беше одложено поради барање на одбраната на обвинетата Ангела Ѓорѓиева. Нејзиниот адвокат кажа дека не се подготвени за одбрана бидејќи поканата за судењето ја добиле пред 4 дена. фото: Слободан Ѓуриќ

Адвокатот Еленко Миланов рече дека поканата за судењето ја добил пред 4 дена и немал време да ја спреми одбраната.
На ова реагираше обвинителката и рече дека секое одложување е на штета на обвинетата.

Мајката на Пино видно изреволтирана изјави дека ова веќе наликува на циркуз.

– На крај излегува дека обвинетата има повеќе право во суд отколку јас. Зошто да се трошат државни пари за судење кога таа веќе има признаено, ова ми делува на циркус, ќе се судиме месеци и месеци за нешто што веќе го има признаено – кажа мајкaта на Пино во изјава за медиумите по одложување на судењето, по што таа се обрати до медиумите:

„Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето дете го закопав во кутија од 58 сантиметри, на 27-28 сантиметри широчина. Тоа не е тело, тоа се коски.“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.