Министерството за финансии, утврди негативно мислење во однос на Годишниот извештај за работата на Македонската радио-телевизија за 2018 година.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 мај, 2019 7:39

МРТ во “дупка„ со загуба од 26 милиони денари- Владата со негативно мислење за работата на МРТ !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Владата на Република Македонија, даде негативно мислење за работата на Македонската радио-телевизија за 2018 година. Тие укажуваат на негативни финансиски резултати, според кои МРТ имал загуба од 26 милиони денари, а забелешки има и за непочитување на професионалните стандарди при работата, пишува центар.мк.

Ова мислење Владата го даде на барање на Собранието на Република Македонија, на кое побара да се произнесе за Годишниот извештај за работата на Македонската радио-телевизија за 2018 година.

„Владата, врз основа на мислењето на Министерството за информатичко општество и администрација, подготвено во соработка со Министерството за финансии, утврди негативно мислење во однос на Годишниот извештај за работата на Македонската радио-телевизија за 2018 година, ако се имаат предвид финансиските показатели за работењето на ЈРП Македонската радио-телевизија за 2018 година, кои се негативни со утврдена загуба од 26 милиони денари.

Исто така, Владата утврди дека ЈП Македонска радио-телевизија не ги исполнила професионалните и етички новинарски стандарди за обезбедување уредувачка независност, непристрасност и објективност во информирањето, што произлегуваат од членот 111 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и од препораките од извештаите на ЕУ за реформи за остварување целосна независност на јавниот радиодифузен сервис”, стои во нивното соопштението.

Македонска радиотелевизија (МРТ) е национална телевизија на Република Македонија, основана во денешниот облик во 1993 година од страна на Собранието на Република Македонија, како продолжение на дотогашната Радиотелевизија Скопје (РТС).Македонската телевизија дневно емитува 73 часовна програма на своите три канали и на Сателитскиот канал.

На Првиот канал емитува непрекината 24-часовна програма. На Вториот канал се емитува програма на немнозинските заедници во Република Македонија.

На него се емитува програма на албански јазик, на турски јазик, како и емисиите на српски, ромски, влашки и бошњачки јазик. Третиот канал е формиран во 1991 г., тогаш како експериментален канал, а сега е наменет за активностите на Собранието. Сателитскиот канал постои од 2000 и емитува непрекинато 24-часовна програма, што претставува избор од програмите на МРТ, како и оригинална програма. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...