Секој еден од нас има одговорност за грижа за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на своите најблиски.

Објавил: admin@magazin | 11 ноември, 2020 22:20

МУЗИЧКИТЕ ЅВЕЗДИ ПОРАЧУВААТ „НОСАМ МАСКА“ ЗА ПОВТОРНО ДА СВИРИМЕ ПРЕД МНОГУ ПУБЛИКА, „НОСАМ МАСКА“ ЗА СЕБЕ И ЗА ТИЕ ШТО ГИ САКАМЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк магазин.мк

Музички уметници, македонски естрадни, ја поддржуваат кампањата „НосамМаска“. Влатко Стефановски, Никола Перевски, Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Ружица Милошеска Брчиоска преку видео порака порачуваат дека носењето маска значи наскоро отварање на концертни сали, дружење со фановите, но и лична грижа, и одговорност за здравјето на другите.  

Секој еден од нас има одговорност за грижа за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на своите најблиски.

Носењето заштитна маска, одржувањето физичко растојание, како и честото миење раце, во моментот се единствените мерки кои може да го спречат ширењето на коронавирусот.

По усвоените измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести, на сила е мерката за носење лична заштита на лицете: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана  и слично, при излегување надвор од домот, односно при движење на јавни места  и површини од отворен и од затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори, кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи и слично.

Оваа мерка не важи:

– при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);

– при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице/лица со кој/кои што живее во заедница;

– при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице/лица со  кој/коишто заедно живеат во заедница;

– при седење во угостителски објект со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);

– ако се користи друг тип заштитна опрема специфична за определено работно место;

– ако лицето е помладо од 6 годишна возраст (дете); и

– ако лицето има специфична здравствена состојба, е лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој поради што носењето лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.

Министерството за здравство, упатува апел до сите граѓани да се почитуваат мерките за заштита, затоа што тие се клучни во борбата со овој непредвидлив непријател.

Видео: https://youtu.be/qIK34C0lN6o

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...