Талат Џафери со изјава дека одложувањето на седницата за уставни измени било поради чекање на колегите, пратениците тврдат дека сите била во Собранието во 11 часот

Објавил: Мартин Попоски | 30 октомври, 2018 5:52

Мукоски, Арнаудов и Василевски беа 10 часа во Собранието, кого лаже Џафери?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Талат Џафери смета дека пратениците од опозицијата кои дадоа поддршка за отворање на постапката за уставни измени гласале по сопствено убедување.

Според него немало притисоци или обиди за поткупување, и оти со својот глас го отвориле патот за евроатланската иднина на Република Македонија.

Тој што тврди дека имало такви постапки и такви обиди би требало на соодветно место, до надлежните институции, да го аргументира и да го докаже. Не е својствено априори да се обвинат пратениците дека подлегнале на притисоци или уцени. Мислам дека ниту еден пратеник која ја поддржа одлуката не потпаднал кон притисок, туку била нивна чиста волја. – рече Џафери.

Џафери истакна дека кога мнозинството го известиле оти го имаат потребниот број пратеници за уставните измени тој ја закажал седницата.

Одложувањето, додаде, било за да се овозможи тие кои се изјасниле дека ќе дадат поддршка да можат да дојдат во Собранието на седницата.

Пратениците кои се изјаснија дека ќе дадат поддршка, доаѓаа од дома, кај беа по пат, тоа е работа која секој пратеник ја знае за себе. Јас сум добил потврда дека поддршка од тие и тие и тие пратеници имаме, а додека не се присутни ниормално е јас како претседател на македонското Собрание да водам сметка за динамиката на одвивањето на седницата. Затоа и се случуваше одложувањето на времето на отпочнување на седницата. – рече Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести