Според тоа што го пишува во законот пак, сепак, се предвидува амнестија и за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста кое Русковска не го видела

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 декември, 2018 10:35

Мукоски, Василевски и Арнаудов си изгласаа амнестија, Русковска се двоуми

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Иако оправдан, Законот за амнестија за обвинети со немилите настани во Собранието, етички и морално ќе беше обвинетите тројца пратеници кои гласаа уставни измени и се обвинети да се воздржат од гласање.

Тоа што 95 пратеници гласаа за Законот за амнестија не го прави ни помалку ни повеќе битен, и 81 беа доволно. Прашање е со кој кредибилитет од перспектива на обвинети гласаа за самоамнестирање Мукоски, Василевски и Арнаудов.

Сепак со Законот не се решава ништо ако него не го прифати и Обвинителството.

Имено обвинителката Вилма Рускоска која го води процесот за 27 април во кој се обвинети 33 лица, во изјава за Дојче Веле вели дека прво ќе чека Законот за амнестија да стапи на сила, а потоа ќе го анализира.

Судскиот процес за 27-ми април продолжува. Во четврток има рочиште и ќе продолжиме со дополнување на доказната постапка.

Законот за амнестија темелно ќе го анализираме кога ќе биде објавен во „Службен весник“ и ќе стапи на сила.

Од она што го слушаме, е дека законот предвидува амнестија само за поединечни дејства, и дека амнестијата не се однесува на кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок, за кое процесот ќе продолжи. – вели обвинителката Вилма Русковска. 

Според тоа што го пишува во законот, сепак, се предвидува амнестија и за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Имено, во ставот 3 од член 1 на Закон се предвидува за кои дела се прави исклучок од амнестијата, а конкретното дело не е посочено дека целосно е исклучено од амнестија туку се опишува кои лица обвинети, осудени и осомничени за него нема да се амнесираат.

Според тоа, амнестијата нема да важи само за оние кои го сториле ова дело на начин што биле со фантомки, тепале, носеле оружје и постапиле спротивно на сложбеното овластување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести