Пропаднал обидот на Заев со уцени и закани да го натера пратеникот Мукоски да гласа за уставни измени, Мукоски по притисоците со влошена состојба завршил на кардиологија

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 17:38

Мукоски не попуштил пред Заев, но заврши на кардиологија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Тензиите во законодавниот дом одамна ги преминаа границите на демократско општество за сите, кое Заев толку гласно го прокламираше, пратениците завршуваат на кардиологија.

Имено како последен 80-ти пратеник потребен за уставни измени, Заев му се намерачил на пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ и осомничен за настаните во Собранието на Македонија, Крсто Мукоски.

На Мукоски се вршеле притисоци за делото за кое се терети, злосторничко терористичко здружување, па се заканувале со суд, обвинителство, високи партиски функционери.

Последната понуда на Заев била да бира слобода или над 10 години затвор.

Пратеникот Крсто Мукоски останал на својот став и појаснил дека нема сила која може да го натера да ги гласа уставните измени, по што му се влошила здравствената состојба па моментално се наоѓа на Клиниката за кардиологија, од каде нема информации што е со Мукоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести